Ја ситнат ДУИ: Меџити се пофали дека зема поддржувачи од Ахмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3375

На партијата на Изет Меџити, односно Демократското движење, денеска и се приклучија целокупни структури на Демократската унија за интеграција од Сарај, додека Меџити реши да ја објави оваа важна објава преку својот Фејсбук профил.

— реклама —

„Меѓу личностите кои му се придружуваат на Изет Меџити се голем број носители на политичкото делување на ДУИ во огранокот Сарај, додека меѓу нив се:

— реклама —

Мухамед Рама, претседател на подогранокот Радуше, поранешен претседател на Советот на Општина Сарај, актуелен општински советник, Зухејр Реџепи, член на огранокот на Сарај од Горно Свиларе, Насер Мухареми, поранешен претседател на подогранокот на Долно Свиларе, основач на ДУИ и поранешен борец, додека сличен чекор има и поранешниот портпарол на Огранокот на ДУИ во Сарај, познатиот новинар Африм Таналари.

— реклама —

И се приклучија на Демократското движење, кое е основано за да направи политички промени во земјата и Селајдин Белули, член на подогранокот Сарај од формирањето на ДУИ, Мухамед Елмази, претседател на подогранокот Сарај и член на Генералниот совет на ДУИ, а во моментов советник во Град Скопје, Арсим Рустеми, член на огранокот во Сарај од подогранокот од Арнаќија и Ајрула Мустафа, член на огранок Сарај од подогранок Семениште.

Голем интерес искажа уште еден голем дел од структурата на ДУИ, од кои се очекува многу брзо да се приклучат на идејата за големата промена и борбата против корупцијата и индивидуалните интереси.

Демократското движење под наслов: „Чесното патување продолжува“ соопштува дека за координатор на Демократското движење за огранокот во Сарај го назначува Мухамед Елмази, советник во Град Скопје, економист и докажан политички активист, додека Мухамед Рама е именуван за заменик координатор, Претседател на Советот на Општина Сарај, магистер по политички науки и истакнат политички активист“, велат од Демократското движење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library08buah82uc615iIUc56

(Фото) Пречекот на министерка од Албанија без македонски симболи

Македонија | пред 1 месец

media-library8gid8nhgseb8ekmKgdQ

Поранешните команданти на УЧК без проблем влегле во Македонија, па му се заблагодарија на Меџити

Свет | пред 1 месец

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

ВЛЕН бара местото на Меџити да го преземе Беким Сали, но и ресорот за животна средина да остане во коалицијата

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања