Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Јадранот „врие“: Морето е и до пет степени потопло од вообичаеното

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
voda

Доколку деновиве летувате на хрватското, црногорското или албанското крајбрежје, веројатно сте забележале дека морето е значително потопло од вообичаено. Топлотниот бран што ја зафати Западна и Централна Европа кон крајот на јуни дополнително ги зголеми температурите на Јадранското Море.

— реклама —

Според податоците на европската програма „Коперникус“, температурата на површината на морето на одредени места е за повеќе од пет степени повисока од просекот за овој период од годината.

— реклама —

Највисоки температури се измерени во Хрватска, каде што Малото Езеро на островот Мљет достигнало дури 29,7 степени Целзиусови, додека на отворено море биле измерени 28,2 степени. Во Пула и Цриквеница морето достигнало 28,8 степени, а во поголемиот дел од јадранското крајбрежје температурите се движат меѓу 26 и 28 степени.

Во Црна Гора морето во Херцег Нови, Бар и Улцињ било околу 25 степени, додека најсвежо останува во делови од јужниот Јадран, каде што во Дубровник и Комижа се измерени околу 24 степени.

— реклама —

Научниците предупредуваат дека затоплувањето на Јадранското Море е долгогодишен процес кој во последните две децении значително се забрзал. Според истражувањата, температурата на морето од средината на минатиот век досега пораснала за 0,5 до 1,5 степени, а најизразени промени се бележат во летниот период.

— реклама —

Експертите посочуваат дека повисоките температури не влијаат само врз туристичката сезона, туку и врз морскиот екосистем, квалитетот на водата и рибарството. Поради затоплувањето, во Јадранот сè почесто се појавуваат инвазивни тропски видови, меѓу кои и рибата лав, која веќе е забележана во водите на Албанија, Црна Гора и Хрватска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda

Трагичен крај на потрагата на Јадранот: Пронајдено и четвртото тело во потонатата едрилица

Балкан | пред 2 седмици

— реклама —
Meduzaaa

Печење, црвенило и оток: Опасни медузи забележани во Јадранското Море

Балкан | пред 1 месец

Zemjotres

Земјотрес во Далмација со силина од 4 степени, епицентарот бил во Јадранското Море кај Мљет

Свет | пред 6 месеци

voda

8-годишно девојче се удавило додека пливало во Јадранско Mоре

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања