Промени тема
Контакт

Јакимовски: „Базенот во Карпош е готов повеќе од година и пол, сега се китат со туѓи перја“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library6jneg9g43eld7tiaVQz

Поранешниот градоначалник на Карпош и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, реагираше по отворањето на детскиот базен кај спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во населбата Карпош, обвинувајќи дека актуелните власти се претставуваат со проект кој, според него, бил завршен уште пред повеќе од една и пол година.

Во објава на социјалните мрежи, Јакимовски посочи дека нема ништо спорно во отворањето на базенот, но дека проблемот е во тоа што, како што тврди, проектот долго време не бил пуштан во употреба.

„Овој базен е речиси година и пол готов, но не го пуштаа во употреба најпрвин додека јас бев градоначалник, а потоа и во изминатите месеци, за да се создаде впечаток дека е направен во краток рок“, напиша Јакимовски.

— реклама —

Тој тврди дека надлежните одбивале да се сретнат со изведувачот и официјално да го преземат објектот, со што, според него, било одложено неговото отворање.

„Ако тоа го направеа минатата година, јасно ќе беше дека тие не го направиле. Значи, се китат со туѓи перја“, наведува Јакимовски.

— реклама —

На крајот од својата реакција, тој упати и критика кон актуелните власти, оценувајќи дека заслугите за проектот им се припишуваат на луѓе кои не учествувале во неговата реализација.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

stevce-jakimovski-750x430-1

Стевчо Јакимовски на 2 јули треба да се јави во затвор за издржување на казната

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
media-library6jneg9g43eld7tiaVQz

(Видео) „Спорен кров кој лани беше забранет повторно се користи за масовна журка“, вели Јакимовски

Настани | пред 3 месеци

media-library6jneg9g43eld7tiaVQz

Јакимовски: Лукровски е на боледување, а бил виден во „Сити мол“

Македонија | пред 3 месеци

jakimovski-stevco

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски е кандидат на СДС, Филипче и Заев, кој ги излажа карпошани

Скопје | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања