Промени тема
Контакт

Јакимовски: Не го потпишав Кодексот за фер и демократски избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
stevco-jakimovski-5

,,Јас како претставник на коалицијата „Храбро за Македонија“ не го

потпишав Кодексот од две причини.

Првата причина е начинот на финансирање на парламентарните избори во

коишто огромни суми се оздвојуваат само за четири коалции или четири

политички партии, како што рече претходниот мој говорник, трошки за сите

останати.

Идејата на државното финансирање на изборната кампања, на изборниот

процес е да се поттикне политичкиот плурализам, да се поттикне

повеќепартискиот систем. Тоа значи да се поттикне јавување на нови

политички партии, да се поттикне јавување на нови идеи, на нови мисли,

на нови програми, а не е идејата на државното финансирање на изборите да

се финансираат главната политичка партија на власт и главната опозициона

— реклама —

партија. И што е најстрашно, со Законот се забранува било какво

дополнително финансирање. Тоа значи дека ако некоја нова, свежа идеја

има поддржувачи и има спонзори кои ќе ја поддржат во оваа кампања, тие

не можат со тие средства од спонзори да финансираат кампања, односно

медиумска кампања што е крајно недемократски, антипартиски,

антиплуралистички и што е спротивно на интересите на граѓаните на

Република Македонија.

— реклама —

Втората причина зошто не го потпишав е тоа што носители на листи

учествуваат во претседателската кампања. И сега, можете да замислите,

учествуваат во претседателската кампања и не дека имаат некое големо

влијание врз гласачкото тело, зборуваат пред приведените партиски

членови кои мораат да ги слушаат. Но праќаат лоша порака, не се почитува

Изборниот Закон и праќаат лоша порака како ќе ја водат Република

— реклама —

Македонија кога ќе дојдат на власт.

Тоа значи повторно ќе биде беззаконие, повторно Република Македонија

нема да биде правна држава и повторно ќе збориме сите во името на

правото и на правдата, а уште во изборниот процес сме подготвени да го

кршиме изборниот закон и сѐ она што значи добро однесување на овие

парламентарни избори”, истакна Јакимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Нова кривична за Јакимовски: Полицијата го сомничи за несовесно работење во службата

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg16c428s4k2m3rKW5hY

Пресврт за Стевчо Јакимовски: Врховниот суд ги укина пресудите на Кривичен и Апелација

Скопје | пред 1 седмица

oliver-andonov-1

Стевчо Јакимовски итно пренесен од затвор во болница, веднаш бил однесен на операција

Македонија | пред 2 седмици

media-library6lj61e22pieg70R8hbE

Стевчо Јакимовски влезе во затвор, ќе ја издржува казната во Шутка

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања