Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Стевчо Јакимовски влезе во затвор, ќе ја издржува казната во Шутка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-library6lj61e22pieg70R8hbE

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, влегол во затворот во Шутка, каде што ќе ја издржува едногодишната затворска казна, дознава „Скопје1“.

Според информациите, Јакимовски доброволно се пријавил на издржување на казната, по што, согласно затворските процедури, треба да биде сместен во приемното одделение на установата.

Претходно, од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека тој бил упатен на 2 јули 2026 година да се јави во Затворот Скопје за започнување на издржувањето на казната.

— реклама —

Сепак, почетокот на издржувањето бил одложен по негово барање, поднесено на 12 јуни, во кое се повикал на здравствени причини.

— реклама —

Од Судот информираа дека од двете приватни здравствени установи што Јакимовски ги навел во барањето била побарана дополнителна медицинска документација за неговата здравствена состојба, но до тој момент не бил добиен одговор. Поради тоа, на 26 јуни судот испратил и ургенција до здравствените установи.

Судот посочи дека одлуката за тоа дали и за колкав период ќе биде одложено издржувањето на казната требало да биде донесена по разгледувањето на целокупната медицинска документација, поради што Јакимовски не се јавил во затворот на 2 јули, како што првично беше определено.

— реклама —

Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за незаконската изградба на општинската зграда во Карпош. Во изречената казна ќе му бидат пресметани и петте месеци што ги помина во куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jakimovski-1-960x600-1

Лекарските извештаи го одложија заминувањето на Јакимовски во затвор

Македонија | пред 2 седмици

media-library5gu481ffohqlbTlmn3q

(Видео) Јакимовски: Белата палата има дивоградба на државно земјиште, а мене ми судат за општински бараки

Македонија | пред 4 седмици

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Јакимовски ќе се бори да не влезе во Шутка

Македонија | пред 1 месец

media-library6jneg9g43eld7tiaVQz

Стевчо Јакимовски оди една година во затвор, предметот е кај судија за санкции

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања