Промени тема
Контакт

Лекарските извештаи го одложија заминувањето на Јакимовски во затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
jakimovski-1-960x600-1

Почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е одложен поради неговото барање поднесено од здравствени причини.

Како што информираат од Судот, Јакимовски уште на 12 јуни побарал одложување на извршувањето на казната, повикувајќи се на својата здравствена состојба.

— реклама —

Судот побарал дополнителни информации за неговата моментална здравствена состојба од двете приватни здравствени установи што Јакимовски ги навел во барањето, но досега не добил одговор. Поради тоа, на 26 јуни судијата испратил и ургенција до здравствените институции.

— реклама —

Одлуката дали и за колкав период ќе биде одложено издржувањето на казната ќе биде донесена откако судот ќе ја добие и разгледа целокупната медицинска документација. Дотогаш, почетокот на отслужувањето на казната останува одложен.

— реклама —

Јакимовски е правосилно осуден на една година затвор за незаконска изградба на општинската зграда во Карпош. Во казната ќе му бидат пресметани и петте месеци што ги помина во куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Нова кривична за Јакимовски: Полицијата го сомничи за несовесно работење во службата

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg16c428s4k2m3rKW5hY

Пресврт за Стевчо Јакимовски: Врховниот суд ги укина пресудите на Кривичен и Апелација

Скопје | пред 1 седмица

oliver-andonov-1

Стевчо Јакимовски итно пренесен од затвор во болница, веднаш бил однесен на операција

Македонија | пред 2 седмици

media-library6lj61e22pieg70R8hbE

Стевчо Јакимовски влезе во затвор, ќе ја издржува казната во Шутка

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања