Промени тема
Контакт

Јакимовски: Војната во Украина мора еден ден да заврши

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
jakimovski

,,Војната во Украина покажа дека сите земји во Европа, вклучувајќи ги и

земјите членки на НАТО, се во состојба да водат војни од таканаречен

низок интензитет, меѓутоа за долготрајни војни практично недостасуваат

многу ресурси.

Очигледно е дека се истрошија сите резерви на оружје и опрема, како и на

муниција во целиот свет и тоа јасно покажува дека тој недостаток ќе трае

и во иднина. Тоа значи дека македонската економија под итно треба да

размислува за развој на наменската индустрија. На Машинскиот факултет во

Скопје мора да се отвори катедра за вооружување. Во исто време оние

делови што беа способни да произведуваат делови за тенкови, а тоа беше

мултипликаторот, кој беше битен дел за тенкот Т-72, како и друга битна

опрема за МЗТ-фоп, треба да се види дали сето тоа може да се рестартира,

како и останатите фабрики во Република Македонија затоа што гладта и

— реклама —

потребата да се компензира тоа оружје и муниција и опрема што е

потрошена во овој временски период и тоа како ќе има потреба да се

надомести, да се обезбедат резерви и ова е само една поука дека многу

повеќе оружје и опрема треба да се складира и да се чува за една тешка

војна.

Од друга страна, војната во Украина мора еден ден да заврши, а тоа значи

— реклама —

дека ние мораме да го подготвиме нашето стопанство за учество на

украинскиот пазар, како во делот на прехраната, како во делот на

трговијата, производството на репроматријали, суровини, оосбено во делот

на градежни материјали и треба да ја подготвиме нашата градежна

оператива, како нискоградбата така и високоградбата за учество на

украинскиот пазар затоа што за Украина ќе има маршалов план со којшто

таа земја ќе мора да се реконструира, ќе мора да се обновува, а

— реклама —

Македонија е на петто место по глава на жител по пружена помош на

украинската војска, а тоа значи дека во мирнодопско време не смееме тоа

да го запоставиме. Во усто време овде треба да отвориме јавни работи и

во делот на нискоградбата и во делот на високоградбата, што значи дека

нашата градежна оператива треба да биде во кондиција за да може да

настапува на тој украински пазар во иднина.”, истакна Стевчо Јакимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

271411794_4566273830151665_730994699476532107_n

Нова кривична за Јакимовски: Полицијата го сомничи за несовесно работење во службата

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg16c428s4k2m3rKW5hY

Пресврт за Стевчо Јакимовски: Врховниот суд ги укина пресудите на Кривичен и Апелација

Скопје | пред 1 седмица

oliver-andonov-1

Стевчо Јакимовски итно пренесен од затвор во болница, веднаш бил однесен на операција

Македонија | пред 2 седмици

media-library6lj61e22pieg70R8hbE

Стевчо Јакимовски влезе во затвор, ќе ја издржува казната во Шутка

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања