Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Јаневска молчи пред аргументите на Левица, со тоа потврдува дека бодување за студентските домови повторно немало, спротивно на законот и правилникот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица преку соопштение обвинуваат дека Министерството за образование и наука повторно не објавило бодовни ранг-листи за приемот во државните студентски домови, иако тоа е предвидено со Правилникот за начинот на прием на студентите.

— реклама —

Од партијата велат дека министерката Весна Јаневска не одговорила на нивните прашања и не ги презентирала ранг-листите со освоените бодови, ниту, како што тврдат, студентите биле лично известени за бодовите што ги добиле.

— реклама —

Според Левица, член 13 од Правилникот, донесен во мандатот на Јаневска, предвидува на интернет-страниците на МОН и студентските домови да биде објавен список на студентите со добиените бодови. Од партијата посочуваат дека четири дена по објавувањето на резултатите такви листи сè уште не се достапни, иако рокот за приговори е во тек.

— реклама —

Левица поставува прашање дали бодирањето воопшто било спроведено и бара вонреден инспекциски надзор. Од партијата бараат Државниот просветен инспекторат да ја провери целокупната документација поврзана со конкурсот, вклучително и пресметките на бодовите, работните табели, редоследот пред конечниот избор и постапувањето по приговорите.

Воедно, Левица бара и Државниот завод за ревизија да провери дали МОН ги отстранил слабостите констатирани во претходната ревизија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuj2dcbga2kesdusJyX2

„10 милиони евра за фушерај - „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна“, велат од Левица

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Во ек на грејна сезона МЕПСО бара речиси двојна тарифа - Регулаторната комисија за енергетика да престане да ги остава граѓаните на цедило

Македонија | пред 22 часа

media-libraryjphuscl4q4iubRXHkA2

Левица: Обединети во злосторот - пратеници на ДПМНЕ, СДС, ДУИ, ВЛЕН, ЗНАМ и ЛДП во Израел газат по коските на палестинските деца

Македонија | пред 2 дена

media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања