Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Јаневска најави казни и за родителите: Ќе се воспостави систем за спречување на насилството во училиштата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryr0g5hk12eofu20H10am

Министерството за образование и наука најавува долгорочен и системски пристап во справувањето со меѓуврсничкото насилство во училиштата, со конкретни мерки, законски измени и поголема одговорност за сите што се вклучени во процесот.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, посочи дека се предвидени повеќе активности за спречување на насилството, вклучително и промени во организацијата на работата во училиштата, поголема грижа за учениците, но и санкции за родителите чии деца повторно вршат насилство.

— реклама —

„Ова е првата Влада која посвети толку многу внимание на насилството меѓу врсниците. Презедовме проекти и законски измени. Направивме промени во училиштата во однос на распоредот на наставниците, грижата, дури и казни за оние родители чии деца го повторуваат насилството меѓу врсниците“, изјави Јаневска.

— реклама —

Таа информираше дека во тек се разговори со Градот Скопје, засега на ниво на службите, а понатаму се очекуваат разговори и со градоначалникот. Според Јаневска, целта е мерките да не останат на ниво на краткорочни проекти, туку да се воспостави одржлив систем кој континуирано ќе работи на спречување и третирање на насилството меѓу учениците.

На темата се огласи и владејачката ВЛЕН, од каде што најавија иницијатива за нулта толеранција кон насилството во училиштата. Иницијативата предвидува соработка меѓу општините, училиштата, психолозите, наставниците и родителите.

— реклама —

Од ВЛЕН информираат дека Општина Чаир веќе ги презела првите чекори за создавање работна група, која ќе се занимава со спречување и третирање на случаите на насилство меѓу учениците.

„Општина Чаир ги презеде првите чекори за создавање платформа која ќе ги обедини општината, училиштата, психолозите, наставниците и родителите. Ние се залагаме овој пристап да се спроведе и во општините каде што раководиме, додека ги повикуваме и другите општини да се приклучат кон оваа иницијатива“, изјави Теута Идризи.

Според податоците наведени во информацијата, во периодот од 22 јули до 20 август, полицијата во Македонија регистрирала 973 случаи на насилство. По семејното насилство, меѓуврсничкото насилство е меѓу најчестите регистрирани случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 3 седмици

media-librarysdjfu8psmbjgdNFlc6y

Студентите бараат субвенции за поскапиот меѓуградски превоз, Јаневска: Ќе видиме што можеме да направиме

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања