Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Јаневска: Воспитанието почнува од дома и од најрана возраст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarycrpmp4lpnu7218CuUPB

Училиштето е местото каде се гради култура на ненасилно однесување и се стекнуваат вештини за градење пријателства место конфликти. Децата од мали треба да се воспитуваат дека нема ништо привлечно во носењето оружје. И тоа да се објаснува соодветно на нивната возраст, но упорно и со примери. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје со кој беше означен стартот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотребата на мало и лесно оружје.

„Кога училишната средина е мирна и хармонична, фокусот на учениците е насочен кон резултати од учењето. Младите го развиваат натпреварувачкиот карактер преку употреба на знаења, вештини, креативност и иновативност, а не преку примена на физичка сила или оружје. Во спротивно, вниманието го одвлекуваат инциденти кои не смеат да се случуваат ниту во училиштата, ниту надвор од училишните клупи. Затоа, ја поздравувам иницијативата на ОБСЕ и посакувам успех во спроведувањето“, рече Јаневска.

— реклама —

Министерката посочи дека во справувањето со овој предизвик, важна улога имаат училиштата, но сепак, основата на културата се стекнува во семејството - воспитанието почнува од дома и од најрана возраст.

„Сите ние веруваме дека ги учиме децата на вистинските вредности и дека не е можно да направат исклучок од правилата кои сме должни да им ги посочиме. Но, младите години се и полни со жар, енергија, понекогаш и мисли кои не се баш бистри, поради разни причини што можат да предизвикаат изблик на ментална и физичка реакција. Затоа, ценам дека повремена проверка на ранецот на детето од страна на родителите, на излез од домот кон училиште, не е на одмет“, рече Јаневска, додавајќи дека секое забележано невообичаено однесување или ранец во кој нема само учебници, тетратки и прибор е аларм за акција која треба да започне со разговор со детето, а по потреба да се побара и помош од други страни.

— реклама —

Министерката изрази благодарност до Министерството за внатрешни работи, Град Скопје и општините за посветеноста кон подигнување на безбедноста на учениците, како и до ОБСЕ како долгогодишен државен партнер во чувањето на редот и мирот во општеството и особено во училиштата и затоа што, како што посочи – заедно сме изградиле многу мостови во минатото и продолжуваме да градиме во иднина. На настанот се обрати и шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија, Килијан Вал, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски.

Во рамки на кампањата се предвидени посети по училишта, запознавање на учениците со ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје преку презентации од претставници од секторот за внатрешни работи, прикажување промотивно видео, дигитален квизи и поделување летоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска: Бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Нема намалување на бројот на студентски стипендии, СДСМ манипулира со јавноста

Македонија | пред 2 седмици

media-library9rp5mfm93lu2eviHL9i

Јаневска: Вештачката интелигенција веќе е реалност во училниците

Македонија | пред 3 седмици

media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Јаневска: Со поголема академска соработка, малите држави од Западен Балкан можат да го отклучат големиот регионален потенцијал

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања