Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јаневска за случајот со д-р Василевски: МОН нема ингеренции за вработувањата на Медицинскиот факултет, ДПИ ќе постапува ако има избор во звање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library0c9g0dk0km986QLJ4du

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека МОН нема надлежност за вработувањето специјалисти на Медицинскиот факултет во Скопје, но дека Државниот просветен инспекторат може да постапува доколку станува збор за избор во наставно-научно звање.

— реклама —

Јаневска посочи дека е запознаена со случајот на лекарот Дарко Василевски, кој јавно изнесе обвинувања за наводни нерегуларности и фаворизирање при изборот на кандидати на јавниот оглас за вработување на Медицинскиот факултет.

„Да, веќе сум запознаена. Така како што сум запознаена, ако се точни информациите што сум ги добила, станува збор за вработување, а не за избор во звање. Јас јавно побарав да се достави претставка до ДПИ, но и доколку станува збор за избор во звање, ДПИ ќе постапува. Во однос на вработување на Медицинскиот факултет на специјалисти, МОН нема ингеренции“, рече Јаневска.

— реклама —

Од МОН дополнително појаснуваат дека ДПИ може да постапи доколку се работи за избор во наставно-научно звање на факултет.

— реклама —

„Во случајов се работи за вработување доктор на Институт и немаме ингеренции за постапување. Тука треба да постапи Државниот инспекторат за труд“, велат од МОН.

Василевски, кој е доктор и приватен специјализант, деновиве јавно реагираше за начинот на кој се спроведуваат вработувањата на Медицинскиот факултет. Во знак на револт, тој најави и штрајк со глад.

— реклама —
media-libraryka2t2gmj2ko84bJ5iGI

Лекар започнува штрајк со глад, обвинува за дискриминација откако трипати бил одбиван на оглас: Солиден специјализант си, но стар си

„Стар си, не ти е местото тука и не можеш академски да напредуваш“ – д-р Дарко Василевски тврди дека ваква порака добил уште во 2022 година, кога конкурирал за работно место на Медицинскиот факултет во Скопје. Четири години подоцна, на нов оглас за истото работно место, вели дека на интервју повторно му била спомената возраста со зборовите: „Ти си 80-то годиште“.Василевски, лекар и приватен специјализант, јавно реагираше на последниот оглас за вработување двајца доктори по медицина на неопределе

Македонија | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8m1tpsuvdbmudDa08zk

Јаневска најави унапредување на наставните содржини за сообраќајна безбедност

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarycpa3j57gcvba0zXaU6X

Јаневска во Брисел: ја стимулиравме националната научно-истражувачка дејност, сега работиме на регионално и глобално поврзување

Македонија | пред 2 седмици

media-librarymgffmrvd0u22cuI6mbq

Јаневска: со двојно зголемен буџет во период од две години, значително ја раздвиживме науката во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryfuub7mn852re5dEEosT

Јаневска им посака добредојде на бруцошите на УКИМ: „Вие сте идните професионалци, иноватори и лидери“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања