„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Јани Бојаџи правосилно осуден за однесување кон ексвработен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarytion0orml5d7b1w1sng

Со правосилна судска пресуда е утврдено дека Јани Бојаџи, во својство на директор, подолг временски период вршел психичко вознемирување врз својот вработен, извршниот продуцент Ненад Мирчевски.

— реклама —

Информацијата ја објави адвокатката Маја Ристова, застапник на Мирчевски, која посочи дека оваа судска одлука претставува значајна победа за заштитата на работничките права и достоинството на вработените.

„Оваа пресуда е јасна потврда дека гласот на поединецот има моќ да донесе промена и дека истрајноста, и покрај долгиот и тежок пат, на крај дава резултати“, напиша Ристова.

— реклама —

Според делот од пресудата што е јавно објавен, судот утврдил дека Бојаџи со негативно и недолично однесување психички го вознемирувал тужителот на работното место, при што му биле повредени достоинството, честа и угледот.

Станува збор за класичен пример на мобинг, односно психичко вознемирување во работната средина, што е строго забрането со закон.

Судскиот процес започнал во февруари 2021 година, кога Ненад Мирчевски, преку адвокат, поднел тужба за психичко вознемирување на работното место.

Во изминатите четири години, предметот минал низ повеќе судски инстанци и одлуки:

  • Основниот граѓански суд првично пресудил во корист на Мирчевски,

  • Апелациониот суд ја укинал одлуката и го вратил предметот на повторно судење,

  • по што повторно била донесена пресуда во корист на тужителот,

  • која подоцна била преиначена во корист на Бојаџи.

По поднесена ревизија до Врховниот суд, предметот повторно бил вратен на одлучување во Апелација, каде што, со последната одлука, случајот конечно правосилно завршува во корист на вработениот кој го трпел мобингот.

Оваа правосилна пресуда се оценува како значаен преседан во судската пракса, особено во медиумскиот сектор, каде ваквите случаи ретко добиваат институционална завршница.

БОНУС ВИДЕО:

VKjiy_lUNc8

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryne9an54d7n0n7RdDH7P

(Видео) Јани Бојаџи: 27 април е нечистата совест на македонскиот народ, советите да се заборави минатото е како да ти дадат револвер за да се стрелаш

Студио | пред 1 месец

media-librarypkl9j6kmj0va3QZMX6E

(Видео) Јани Бојаџи во „Претрес“: Морав да побегнам од Македонија за да си го спасам животот, ми се закануваа со убиство

Студио | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања