Јанкулоска: Проблемот не е во законите, туку во правниците што ја заменија правдата со политика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
Screenshot-2023-10-02-at-20.28.16

Поранешната министерка за внатрешни работи, Горана Јанкулоска, со остра јавна реакција оцени дека дел од предметите кои се актуелизираат денес се застарени и дека никогаш не требало да бидат предмет на кривично гонење доколку, како што наведува, надлежните институции се придржувале до законот, правдата и правото, наместо да постапуваат по политички диктати.

— реклама —

Според Јанкулоска, Специјалното јавно обвинителство било формирано со јасна цел – да даде одговор на прашањето кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, непрекинато. Наместо тоа, таа тврди дека СЈО се занимавало со низа други прашања, целосно отстапувајќи од својата основна мисија.

Во својата изјава, Јанкулоска обвинува дека преку политички прогон се водела кадровска политика во политичките партии, дека се граделе партиски рејтинзи за изборни цели, како и дека преку закани и притисоци се одбирале владини партнери не според изборната волја на граѓаните, туку според дневнополитички потреби. Во тој контекст, таа оценува дека денешните обвинувања насочени кон измените на Кривичниот законик од 2023 година се погрешно адресирани.

— реклама —

„Проблемот не е ниту во тој, ниту во кој било друг закон“, порачува Јанкулоска, додавајќи дека суштинскиот проблем лежи во дел од правничката фела, која, според неа, наместо да го штити правото, во сè гледала политичка математика и активно учествувала во партиски пресметки.

Таа обвинува дека токму тие правници незаконски земале бонуси, со години парадирале пред судовите и граделе, како што вели, „метеорски кариери“, не врз основа на резултати и професионален квалитет, туку поради сервилност кон тогашната власт. Според Јанкулоска, ваквиот пристап оставил длабоки последици врз правниот систем и довербата на граѓаните во правдата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

akademik-10

Адвокатот Јанаки Митревски: „Не е победа на Јанкулоска, туку вообичаена процедура во Стразбур“

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2024-06-18-at-10.56.47

Стразбур ја прифати жалбата на Јанкулоска за „Тенк“: „Во предметот постојат сериозни индиции за можни прекршувања на правото на фер судење“

Македонија | пред 2 месеци

gordana-jankuloska

„Случајот на Гордана Јанкуловска или како се кршат човековите права на жените во затвори“

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања