„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Адвокатот Јанаки Митревски: „Не е победа на Јанкулоска, туку вообичаена процедура во Стразбур“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
akademik-10

Станува збор за вообичаена постапка на Европскиот суд за човекови права, а не за некаква победа, појасни адвокатот Јанаки Митровски во објава на ФБ, откако вчера поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска објави дека Судот во Стразбур отворил сериозни прашања во врска со предметот „Тенк“, за кој таа е осудена на затворска казна. Митровски потенцира дека вакви прашања Судот редовно испраќа како дел од стандардната процедура и дека тоа не значи победа на Јанкуловска.

— реклама —
— реклама —

Цел ден се шири лажен пропаганден наратив небаре е одлучено по апликацијата на Гордана Јанкуловска по предметот Тенк. Па те Стразбур ја строел Македонија и минатата Влада, отворил сериозни прашања за македонското судство и останати манипулации. Вистината е следна:

- Секогаш кога се поднесува апликација првично ја разгледува судија поединец кој може да ја отфрли на старт како недопуштена или да го помине овој прв филтер ако не е очигледно неоснована. Внимавајте судот во прв филтер прифатил дека апликацијата не е очигледно неоснована, што не е исто што и основана.

-Во следна фаза, која е токму оваа, Судот комуницира со Владата и поставува прашања на кои очекува одговор и кои се во насока на утврдување на битни факти за конечна одлука. Ова е ВООБИЧАЕНО во СИТЕ апикации кои го минале првиот филтер, и не претставува никаков огромен успех на апликантот како што се обидува да се претстави. Најнормалана комуникација меѓу судот и странките.

-Дури потоа предметот оди на одлучување, или пред стандарден Совет од седум судии или пред Голем судски совет од седумнаесет судии доколку се работи за прашање за кое Судот смета дека е особено важно во насока на заштита на правата од Конвенција.

Да бидеме јасни, сите прашања упатени до Владата се легитимни, и темпото со кое е судена Јанкуловска, и пристапот до доказите, правото на одбрана итн. Но претставување на оваа, ВООБИЧАЕНА фаза од процесот како "голема победа на Јанкуловска" е едноставно лага!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_4640

Адвокатот Митровски за двојното убиство во Кратово: Пред убиството Вале јадела редовна порција ќотек

Македонија | пред 1 година

janaki-modularna-tetovo

Обвинителство не смеело да даде наредба да се вештачи на Електро, нити Електро смеело да вештачи поради конфликт на интереси, вели Митровски

Коментари | пред 2 години

janaki-modularna-tetovo

Митровски: Поради алчност да се поткраде што е можно повеќе модуларните болници се градени фушерајски со евтин лесно запалив материјал

Коментари | пред 2 години

veles-960x566-1

Пресудата е шок за семејството и сол на рана, кај обвинетиот немаше никакво каење, никаква емоција, вели Митровски

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања