Адвокатот Јанаки Митровски, кој ја застапува мајката против која во полиција беше поднесена пријава за наводно насилство врз нејзиниот малолетен син, за „Скопје1“ тврди дека пријавата на таткото е лажна и дека Центарот за социјални работи не ги потврдил неговите наводи.
Според Митровски, родителите претходно биле во вонбрачна заедница, а пред четири години против таткото биле изречени мерки за заштита од семејно насилство кон мајката.
„Истиот вршеше физичко насилство врз неа, за што е докажано со судски пресуди“, вели Митровски за „Скопје1“.
Тој додава дека по стабилизирањето на односите, со спогодба пред Центарот за социјални работи, таткото имал определени контакти и преспивања со детето.
Според адвокатот, во период од околу шест години таткото не пријавувал дека детето било жртва на насилство од мајката, сè до почетокот на август, кога таа решила повторно да стапи во брак.
Митровски тврди дека таткото не го вратил детето на 4 август, по престој кај него, со образложение дека детето не сакало да се врати кај мајката, дека мокрело и дека се плашело од неа.
„И покрај повеќекратните обиди преку МВР и преку социјално да се влијае на него, тоа завршува неуспешно“, вели адвокатот.
Тој наведува дека Центарот за социјални работи спровел постапка за проверка на тврдењата на таткото и дека стручниот тим не ги потврдил наводите за семејно насилство.
Според Митровски, ЦСР не предложил мерки за заштита и не го прифатил ниту барањето на таткото детето да му биде доверено нему.
Адвокатот дополнително тврди дека во постапката бил приложен психијатриски извештај за кој најавува посебна правна постапка, оценувајќи дека бил изготвен без соодветна и подолготрајна опсервација на детето.
Митровски вели дека на таткото на 28 август му било укажано од Центарот за социјални работи дека треба да го врати детето, а истиот ден околу 15 часот тој отишол во полиција и ја поднел пријавата против мајката.
„Поради ваквото однесување, до ОЈО Скопје поднесовме кривична пријава за кривично дело одземање на малолетник и очекуваме експресно да постапи обвинителството, од проста причина што детето е одвоено од мајката од 4 август“, вели Митровски.
Претходно, МВР информираше дека на 28 август во 15 часот во СВР Скопје, А.Б. (43) од Скопје пријавил дека подолг период неговиот малолетен син покажувал страв кога требало да биде вратен кај мајката, која го има старателството.
Според пријавата на таткото, причината за стравот било наводно насилно однесување на мајката кон детето.
Од МВР тогаш соопштија дека за случајот е известен Центарот за социјални работи Скопје и дека полицијата презема мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.
Малолетник се плашел да се врати кај мајка му која го имала старателството, таткото пријавил насилство
На 28 август во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Б. (43) од Скопје пријавил дека подолг временски период неговиот малолетен син манифестирал страв кога требало да биде вратен кај неговата мајка, која го има старателството над него.Според пријавеното, причината за стравот на детето била наводно насилно однесување од страна на мајката кон него.За случајот бил известен Центарот за социјални работи Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.
Скопје | пред 20 часа