Јанушев: За 100 дена Влада реализиравме четири крупни инвестиции, ја проширивме и позитивната листа на лекови, а затекнавме општ хаос на секое поле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
janusev-1

Очекувам дека во следниот период ќе продолжиме уште подобро и дека се она што имавме прилика да го слушнеме вчера претседателот при отчетот за овие 100 дена имавме прилика да слушнеме дека во наредниот период ќе имаме уште многу повеќе такви проекти реализирани и програми во интерес на граѓаните, рече Генералниот Секретар на влада, Игор Јанушев во гостувањето на Радио Лидер.

— реклама —

Јанушев го потенцираше проширувањето на позитивната листа со 87 нови лекови, од кои што девет се генерички лекови и четирите инвестиции кои што се реализираа во првите 100 дена од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се огромни инвестиции, од кои само едната на Алказар енерџи е инвестиција од речиси половина милијарда долари која што на крајот ќе продуцира и со голема бројка на вработени во штипскиот регион.

„Исто тука е и Епсотек, инвестиција од околу 20 милиони евра која што ќе донесе околу 110 вработувања, следна е Вебтек инвестиција од 35 милиони евра со исто така над 100 нови вработувања. И да не ја заборавиме „БМЗ“ група која што планира да вложи околу 65 милиони евра и една огромна, бидејќи ова е една индустрија која што е трудово побарувачка, што значи некаде околу 700 нови вработувања“, истакна Јанушев и додаде кога ќе се земат сите овие бројки станува збор за голема сума на инвестиции и голем капитал влегува во државата и од речиси 1500 нови вработувања.

— реклама —

Во однос на она што се затекнале во секретаријатот, Јанушев истакна дека се затекнало еден општ хаос на секое поле, од не водење грижа за објектите, односно просториите во која што се наоѓа владата до целосно искористување на државните ресурси за партиски цели.

„Хаосот е неверојатен и во поглед на самите владини седници и материјалите кои што во изминатите години со претходната власт се наталожиле до тој степен што можам слободно да кажам дека ќе ни требаат уште добри два до три месеци да успееме да ги исчистиме сите стари материјали кои што со години не биле разгледувани и биле оставани така да висат во така наречена владина процедура“, рече Јанушев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања