Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Јапонија постави три услови за испраќање војска во Ормускиот Теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-library8ud7rds13skn3MIu41z
фото: unsplash

Јапонија постави три клучни услови за евентуално учество во меѓународна мисија во Ормускиот Теснец, објави агенцијата Кјодо, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите.

— реклама —

Според информациите, Токио би размислил за испраќање на своите сили за самоодбрана само доколку САД и Иран постигнат договор за прекин на огнот, бидат воспоставени комуникациски канали со иранската страна и се намали нивото на закана во Ормускиот Теснец.

— реклама —

Доколку овие услови бидат исполнети, јапонските сили би можеле да учествуваат во отстранување напуштени мини и обезбедување на трговските бродови кои пловат низ овој стратешки важен морски премин.

Јапонската премиерка Санае Такаичи и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан од почетокот на конфликтот телефонски разговарале неколкупати во обид да придонесат за намалување на тензиите.

— реклама —

Ситуацијата на Блискиот Исток останува чувствителна откако САД и Израел кон крајот на февруари започнаа заедничка офанзива против Иран. Конфликтот предизвика нарушувања на клучните поморски и енергетски рути, што доведе до раст на цените на нафтата и гасот на светските пазари.

— реклама —

За Јапонија стабилноста во регионот има особено значење, бидејќи околу 90 проценти од енергетските потреби ги обезбедува преку увоз од земјите во Персискиот Залив. Поради нарушувањата предизвикани од конфликтот, Токио веќе почна да користи дел од своите стратешки резерви на нафта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoup7bj077b9s2G7sSPd

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Регистрирана магнитуда од 6,0 степени

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryis110mvrlqd15RmF96W

Ново откритие на научниците од Јапонија: Клетките на ракот би можеле сами да се уништат

Свет | пред 1 седмица

mkd-393567

Јапонија не се откажува од руските нафта и гас и покрај плановите за намалување на зависноста

Свет | пред 1 седмица

media-library8iekmmmqemhn4fRaQMe

Привремено запрен реактор во јапонска нуклеарна централа поради дефект на вентил

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања