Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ - 123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
goce-delcev624523

Во Македонија денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев, една од најзначајните личности во националната историја.

— реклама —

Делчев загинал на 4 мај 1903 година во селото Баница, во борба со османлиските сили, оставајќи зад себе идеологија и визија за слободна и самостојна Македонија.

— реклама —

Како еден од водачите на македонското револуционерно движење и идеолог на Внатрешната македонска револуционерна организација, Делчев се залагал за создавање автономна Македонија, базирана на принципите на еднаквост, правда и заеднички живот на сите народи.

„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“, е една од најпознатите мисли на Делчев, која и денес се толкува како повик за соживот и напредок преку вредности, а не преку поделби.

— реклама —

Неговата мисла и денес се цитира како темел на македонската државотворност, а неговото дело останува симбол на борбата за слобода и национален идентитет.

— реклама —

По повод годишнината, се одржуваат повеќе чествувања и положување цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје, како и на повеќе спомен-обележја низ државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjs99c1mk31qr8CbFl1A

Мицкоски: Македонија нема да отстапи од својот идентитет, ликот на Гоце Делчев и „црвените линии“

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryscdnqdsv5il7dA3Pbv5

(Во живо) Панихида во црквата „Св. Спас“- Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев

Македонија | пред 1 месец

goce-delcev

„Комити Скопје“ повикуваат на одбележување на 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Македонија | пред 1 месец

media-libraryq7jvrte2iq6i8TLoH7a

„Грокипедија“ на Илон Маск го претставува Гоце Делчев како Бугарин

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања