Во црквата „Св. Спас“ во Скопје во тек е панихида по повод 123 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
На настанот присуствуваат претставници од институции, јавниот живот и верници, кои со молитва и положување почит го одбележуваат споменот на Делчев.
Панихидата се одржува во знак на сеќавање на неговото историско дело и придонес кон македонското револуционерно движење.