Промени тема
Контакт

„Јас сум професионалец, но пред сè сум мајка“! Албанската пратеничка Ѓузи го донесе своето бебе на седница во парламентот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-libraryua82094j8si4f6ILYmk
Instagram

Пратеничката на Социјалистичката партија во албанското Собрание, Илва Ѓузи, привлече внимание на состанокот на Парламентарниот комитет за природни ресурси, инфраструктура и одржлив развој, поради тоа што цело време го држеше во рацете своето бебе старо само 38 дена.

— реклама —

„Пред сè сум мајка, а потоа пратеничка. Моето бебе има само 38 дена и како што се грижев за моите браќа и сестри, така ќе се грижам и за него,“ изјави Ѓузи за албанската телевизија Топ.

— реклама —
— реклама —

Таа нагласи дека е благодарна што албанскиот парламент го прифаќа мајчинството како дел од реалноста и изјави дека се чувствувала добредојдено. „Имавме сериозни точки на дневен ред, но мојот син ја доби својата грижа. Бебето ќе биде со мене и на наредните комисии и седници,“ додаде таа.

Ѓузи откри дека има силна поддршка од сопругот и свекрвата, а во иднина дел од грижата ќе ја преземе и нејзината мајка. „Во овие рани месеци, местото на бебето е со мене,“ рече пратеничката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynpfs2m0ss8cmbhaVTfY

(Видео) Ескалација на протестите во Тирана: Запалени компјутери и мебел, маж се обидел да ограби банкомат

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryjjpe9dg96at7cedyg5l

Коридорот 8 и европската интеграција во фокусот на средбата Ферати – Хоџа

Македонија | пред 3 дена

rudnik

(Видео) Тројца рудари спасени од Трепча, уште 60 се заробени под земја

Настани | пред 5 дена

media-libraryebbp15smv4221FJy19T

Еколошка катастрофа во Албанија: Тони риби угинаа во акумулацијата Кашњети

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања