Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Јавниот превоз е во незавидна состојба, граѓаните постојано се жалат за нередовни автобуси, велат од Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
jsp

,,Пред советниците на ВМРО ДПМНЕ кои се власт во Советот на Град Скопје и мнозинство, по 20 пат за гласање на следната седница е доставена предлог одлука со која треба да се обезбедат нови еколошки автобуси за скопјани. Јавниот превоз е во незавидна состојба, откако автобусите за кои целокупната јавност гледа и реагира дека се децениски дотрајани треба да се заменат со нови, а советниците на ВМРО ДПМНЕ кои ветуваа нови еко автобуси пред скопјани веќе две години не го исполнуваат ветеното.

— реклама —

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска со цел советниците од ВМРО ДПМНЕ да се охрабрат да гласаат за реализација на ветувањата кои ги имаат дадено за нови еколошки автобуси, на секоја седница им предлага банката која ќе го финансира проектот како и условите за набавка да ги изберат самите советници во рамки на Советот, бидејќи оваа одлука можат единствено тие да ја донесат и да се помогне скопјани да не чекаат ни минута повеќе на автобуските станици.

— реклама —

За унапредувањето на линискиот превоз на патници, да се обезбеди ефикасен и еколошки превоз кој нема да загадува, неопходно е редовно обновување на автобусите, а досега според програмата требаше да се набавува секоја година по 50 автобуси за да се постигне квалитетот на превоз и услуги кои граѓаните ги заслужуваат, но советниците на ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две години не ја гласаат одлуката. Иако е доставена одлука за нови автобуси за следната седница, Претседателот на Совет Трајко Славески спротивно на деловникот и статутот, воопшто не ја става точката на дневен ред за гласање со што го зголемува незадоволството на скопјани поради дотрајаните автобуси. Единствена одговорност по повеќе од две години за недостатокот на автобуси во јавниот превоз имаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Град Скопје и од кои зависи дали ќе има нови еко автобуси и подобар превоз.

— реклама —

Со реформирање на автобускиот превоз и сукцесивно обновување на возниот парк на ЈСП Скопје со нови еколошки автобуси, ќе се реши проблемот за кој граѓаните постојано се жалат за нередовни автобуси, но нивните реакции нема кој да ги слушне бидејќи советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои се власт и мнозинство во Град Скопје, не гласаат за набавка иако тоа го ветуваа пред граѓаните на локалните изборите во 2021 година.

— реклама —

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и лично ги ветуваше новите автобуси за скопјани, за кои дури најави и дека преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, но до сега повеќе од 2,5 години тоа ветување не се реализира, како ни неговото ветување за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје која лично континуирано изјавува дека ја поддржува.”, велат од Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryerls0peug1e82BrpQ75

(Видео) Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?!

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
jsp

ЈСП денес ќе сообраќа по неделен возен ред

Скопје | пред 2 седмици

jsp-avtobus

Автобусите во Скопје со зимски возен ред, изменети траси на повеќе линии

Македонија | пред 2 седмици

zicnica-696x463

Жичницата на Водно нема да работи за викендот поради технички проверки

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања