Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Јокиќ и Мареј го урнаа Чикаго во спектакуларен натпревар со 296 поени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 48 минути -

Спорт
jokik

Драматичен пресврт и продолжение ја одбележаа средбата меѓу Денвер Нагетс и Чикаго Булс во Чикаго, на која гостите славеа со 151:145. Во натпреварот со дури 296 поени, главни јунаци на Денвер беа Џамал Мареј и Никола Јокиќ.

— реклама —

Мареј постигна 45 поени, од кои осум во продолжението, додека Јокиќ запиша 37 поени, 18 скока и 11 асистенции. За српскиот центар ова беше 202. трипл-дабл во кариерата, со што дополнително се приближи до рекордот на Расел Вестбрук од 209 вакви учиноци.

— реклама —

На спротивната страна, Џош Гиди одигра историски натпревар со 23 поени, 14 скока и рекордни за него 22 асистенции. Тој стана првиот кошаркар на Чикаго со повеќе од 20 асистенции на еден натпревар од 1985 година, како и првиот играч на клубот со најмалку 20 поени и 20 асистенции по 1969 година.

Бади Хилд беше најефикасен кај Чикаго со 33 поени, Џејлен Смит постигна 26, а Матас Бузелис додаде 21 поен.

— реклама —

Булс успеаја да надоместат негатива од седум поени во последните 40 секунди и да израмнат на 131:131, откако Гиди погоди во завршницата. Јокиќ не реализираше тројка во последниот напад, па победникот беше решен во дополнителните пет минути.

— реклама —

Таму Мареј ја презеде одговорноста, а Денвер отвори со серија од осум последователни поени и го задржа водството до крајот за трета победа по ред.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

jokik

Лејкерс го сонуваат најмоќниот тандем во НБА: Дончиќ и Јокиќ заедно во Лос Анџелес

Спорт | пред 3 месеци

— реклама —
jokik

Денвер уверен дека Јокиќ останува: „Сите слушнавте што кажа“

Спорт | пред 4 месеци

jokik

Јокиќ повторно во дресот на Србија: Ќе настапи во квалификациите за Мундобаскетот

Спорт | пред 6 месеци

media-library6ieohud4vn0hfiT6uqG

Јокиќ по елиминацијата во првата рунда од НБА-плејофот: „Да бевме во Србија, сите ќе добиевме отказ“

Спорт | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања