Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Јокиќ по елиминацијата во првата рунда од НБА-плејофот: „Да бевме во Србија, сите ќе добиевме отказ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Спорт
media-library6ieohud4vn0hfiT6uqG

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, беше искрен и самокритичен по елиминацијата на неговиот тим во првата рунда од НБА-плејофот, откако Минесота Тимбервулвс славеше со 4-2 во серијата.

Во шестиот натпревар, кој заврши со пораз од 110:98, Јокиќ постигна 29 поени, со 10 асистенции и девет скока, но и четири загубени топки. По средбата, тој призна дека тимот не одиграл на потребното ниво.

— реклама —

„Не завршивме добра работа, имаа дури 19 офанзивни скокови и многу загубени топки од наша страна. Мораше да играм подобро, особено во првите три натпревари. Тие беа подобриот тим во оваа серија“, изјави Јокиќ.

— реклама —

Тој нагласи дека не размислува за заминување од клубот и јасно порача дека сака да остане во Денвер на долг рок.

— реклама —

„Сакам да бидам во Денвер засекогаш“, рече тој.

Сепак, центарот беше особено директен кога станува збор за оценката на сезоната, потенцирајќи дека тимот е далеку од посакуваното ниво.

„Само што испаднавме во првата рунда. Мислам дека сме далеку од тоа што треба да бидеме. Тоа не е моја одлука, но сигурно – да бевме во Србија, сите ќе добиевме отказ“, изјави Јокиќ.

Тој целосно го ослободи од одговорност тренерот, посочувајќи дека вината е кај играчите.

„Не е негова грешка што не ја фаќавме топката. Нема за што да се обвинува тренерот, ние сме виновни. Имавме 54 победи и трето место, иако имаше повреди. Не сакам да барам изговори – не успеавме да одиме понатаму“, додаде Јокиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jokik

Јокиќ повторно во дресот на Србија: Ќе настапи во квалификациите за Мундобаскетот

Спорт | пред 9 часа

— реклама —
media-library6ieohud4vn0hfiT6uqG

Јокиќ „пукна“ на прашање за иднината: Не гледам однапред – „тоа не е начинот на кој функционирам“

Спорт | пред 1 месец

1718515715-jokic-i-bobi-1536x1061-1

(Видео) Јокиќ и Бобан Марјановиќ се глупирале на концертот на познатата пејачка, се качиле на масата кога таа пеела хит

Спорт | пред 1 година

Нема фотографија

Јокиќ во идеалниот НБА тим

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања