Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Каја Калас: Падот на руски дрон во Романија е сериозно кршење на европскиот воздушен простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
w_55031023

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, оцени дека падот на руски дрон врз станбена зграда во романскиот град Галац претставува „очигледно и сериозно кршење на суверенитетот на Романија и на европскиот воздушен простор“.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Калас истакна дека разговарала со романската министерка за надворешни работи Оана Цоју за да ја пренесе целосната солидарност на Европската Унија со Романија.

— реклама —

„Русија одамна престана да ги почитува границите. На Москва не смее да ѝ се дозволи, без последици, да го нарушува европскиот воздушен простор“, порача Калас.

Таа додаде дека министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се обврзале да го зголемат притисокот врз Русија, да ја зајакнат поддршката за Украина и да инвестираат во унапредување на европските одбранбени капацитети.

— реклама —

Реакцијата следува откако руски дрон падна врз станбена зграда во Романија, при што беа повредени две лица, а инцидентот предизвика остри осуди од НАТО и Европската Унија.

— реклама —
nato-1

Руте по инцидентот во Романија: НАТО е подготвен да го брани секој дел од својата територија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, порача дека Алијансата е подготвена да го брани секој дел од својата територија, откако руски дрон погоди станбена зграда во романскиот град Галац за време на ноќните напади врз Украина.„Неодговорното однесување на Русија претставува опасност за сите нас. Последната ноќ уште еднаш покажа дека последиците од незаконската руска агресија не запираат на границите“, напиша Руте на социјалната мрежа Икс.Тој истакна дека НАТО ќе продолжи да ги зајакнува своите о

Свет | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

w_55031023

Каја Калас пристигна во Босна и Херцеговина: Брисел е сериозно загрижен поради застојот на реформите

Балкан | пред 2 седмици

w_55031023

Калас „влезе во спор“ со Израел: „Се кршат верските слободи“

Свет | пред 3 месеци

w_55031023

Каја Калас: Иран со неселективните напади сам си го забрзува падот

Свет | пред 4 месеци

w_55031023

ЕУ спрема нова забрана за Русите

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања