Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Каја Калас предупредува на нова ескалација меѓу САД и Иран: „Сите ќе бидат губитници“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
w_55031023

Шефицата на европската дипломатија Каја Калас предупреди дека постои сериозен ризик од нова ескалација на судирот меѓу САД и Иран, оценувајќи дека продолжувањето на конфликтот би им донело штета на двете страни. Таа истовремено изрази песимизам за можноста за брзо завршување на војната во Украина.

— реклама —

„Постои сериозен ризик од нова ескалација меѓу САД и Иран, а секоја нова ескалација би донела само губитници“, изјави Калас по состанокот на министрите за одбрана на пет европски земји во Париз, на кој се разговарало за безбедноста на Блискиот Исток, поморските трговски патишта и зајакнувањето на европската одбрана.

Калас посочи дека Европската Унија преку поморската операција „Аспидес“ помага во заштитата на трговските бродови во Црвеното Море. Таа им се заблагодари на Франција, Италија и Грција за придонесот во операцијата и нагласи дека пловидбата низ меѓународните поморски патишта мора да остане непречена.

— реклама —

Таа најави и нова европска мисија за поддршка на либанската војска и безбедносните сили, со цел зајакнување на контролата врз територијата, безбедноста на границите и внатрешната стабилност на Либан.

— реклама —

Осврнувајќи се на војната во Украина, Калас оцени дека изгледите за скорешен мир се мали. Таа посочи дека руските напади не даваат причина за оптимизам и предупреди дека Украина ја очекува уште една тешка воена зима.

„Нашата задача е да ѝ помогнеме да ги издржи нападите и да ја зголемиме цената на војната за Русија“, порача Калас.

Шефицата на европската дипломатија најави и подготовка на дополнителни санкции против Москва, со посебен акцент на таканаречената руска „флота во сенка“. Станува збор за танкери што Русија ги користи за извоз на нафта, често со нетранспарентна сопственичка структура и промени на знамињата, со што се обидува да ги избегне западните санкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

w_55031023

Калас: Америка ја тера Украина да се предаде под условите на Путин

Свет | пред 6 дена

— реклама —
w_55031023

Калас: Најлогично е Русија да плати за штетата што ѝ ја нанесува на Украина

Свет | пред 2 седмици

media-librarycql873bnfo5t0WVLBGZ

Почина таткото на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас

Свет | пред 2 месеци

w_55031023

Каја Калас пристигна во Босна и Херцеговина: Брисел е сериозно загрижен поради застојот на реформите

Балкан | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања