Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Каја Калас пристигна во Босна и Херцеговина: Брисел е сериозно загрижен поради застојот на реформите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
w_55031023

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, пристигна во дводневна посета на Сараево, каде што разговараше со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина и со министерот за надворешни работи Елмедин Конаковиќ за европските интеграции на земјата.

— реклама —

Во интервју за агенцијата ФЕНА, Калас изјави дека Брисел е сериозно загрижен поради застојот на реформите во БиХ.

— реклама —

„Во последните две години гледаме застој на реформите, поради што сме многу загрижени. Затоа сум тука веќе третпат. И други европски претставници се прашуваат што уште можеме да направиме за да ви помогнеме да ги спроведете реформите“, рече Калас.

Таа предупреди дека БиХ не треба да ја пропушти можноста што ѝ ја нуди Европската Унија и нагласи дека постои ризик земјата да изгуби уште 373 милиони евра европска финансиска помош, откако веќе изгубила 108 милиони евра поради неспроведените реформи.

— реклама —

Босна и Херцеговина во март 2024 година доби начелна согласност за отворање на пристапните преговори со ЕУ, но сè уште не ги исполни клучните услови, меѓу кои се усвојувањето на законите за судовите и Високиот судски и обвинителски совет, како и именувањето на главен преговарач со Унијата.

За време на посетата, Калас ќе се сретне и со претседателката на Советот на министри Борјана Кришто, а ќе ја посети и базата на ЕУФОР во Бутмир кај Сараево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

w_55031023

Калас: Америка ја тера Украина да се предаде под условите на Путин

Свет | пред 4 дена

— реклама —
w_55031023

Калас: Најлогично е Русија да плати за штетата што ѝ ја нанесува на Украина

Свет | пред 1 седмица

media-librarycql873bnfo5t0WVLBGZ

Почина таткото на шефицата на европската дипломатија, Каја Калас

Свет | пред 2 месеци

w_55031023

Каја Калас: Падот на руски дрон во Романија е сериозно кршење на европскиот воздушен простор

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања