Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Камала Харис има доволно поддршка за да биде кандидат на Демократите на изборите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
kamala-haris

Американскaта потпретседателка Камала Харис обезбеди поддршка од доволен број демократски делегати за да стане кандидат на партијата на претседателските избори против републиканецот Доналд Трамп, покажуваат резултатите од истражувањето на Асошиетед прес.

Брзиот договор за поддршка на Харис е обид на Демократската партија да ги остави зад себе неколкунеделните внатрешни борби околу кандидатурата на Џозеф Бајден.

— реклама —

Со зголемената загриженост за неговата подготвеност да служи, многу демократи го повикаа Бајден да се повлече од трката за втор мандат, што тој го направи во неделата.

— реклама —

Од понеделник вечер, Харис имала поддршка од повеќе од 2.660 делегати, додека за победа и се потребни 1.976, според податоците на АП.

Агенцијата, пак, наведува дека не може да се каже дека таа ќе биде кандидатот бидејќи делегатите се уште се слободни да гласаат за кандидатот по свој избор на Демократската конвенција во август.

— реклама —

Тогаш најдоцна ќе се знае дали кандидат на демократите ќе биде Харис, чија кандидатура веднаш ја поддржаа Бил и Хилари Клинтон.

— реклама —

Харис има можност да стане првата црнка и првата Азиско-Американка која ќе биде кандидат на една од двете големи партии за претседател на САД.

Како одговор на податоците на АП, таа рече дека е благодарна на претседателот Бајден и на сите во Демократската партија кои веруваат во неа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kamala-haris

Kамала Харис го нападна Трамп: Ги става во опасност американските војници и ги зголемува трошоците за живот за американските граѓани

Свет | пред 2 месеци

— реклама —
kamala-h

Камала Харис за акцијата: Не станува збор ниту за дрога, ниту за демократија – станува збор за нафта

Свет | пред 5 месеци

kamala-haris

Камала Харис: Бајден ме вознемири со повик пред дебатата со Трамп

Свет | пред 9 месеци

kamala-h

(Видео) Харис на работ од солзи одржа губитнички говор

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања