Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Камчев: Граѓаните на општина Валандово пијат небезбедна вода од застарени водоводни мрежи затоа целосно ќе ја обновиме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library66oe2ovhql0l3MHokk2

Ѓоко Камчев, кандидат за градоначалник за општина „Валандово“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, се обрати и ја објасни моменталната состојба во општина Валандово, поединци ја држат општината во заложништво, граѓаните пијат небезбедна вода, а одредени места немаат ниту основна инфраструктура.

— реклама —

За жал,  денес неколку луѓе ја држат општината во заложништво, владеејќи зад затворени врати, без јавни дебати и без отчет. Се кријат во кабинетите, далеку од граѓаните, од проблемите, од вистината. Додека трошат милиони евра на затворен базен граѓаните на општина Валандово пијат небезбедна вода од застарени водоводни мрежи со огромни загуби, граѓаните на Раброво, Собри, Марвинци, Брајковци, Балинци, Чалакли, Башибос, Дедели газат во кал и немаат основна инфраструктура која законски им следува. Секојдневно дишеме чад од депонијата Сува река. Секојдневно облаци од отровен чад надвиснуваат над нашата општина, а ветуваа здрава животна средина, објасни Камчев.

Камчев се осврна на проектите од изборната програма и најави реконструкција на водоводната мрежа во Валанадово, како и реконструкција и изградба на улици и патишта во секое населено место.

Реконструкција и модернизација на системите за водоснабдување, од физибилити стидија, проектна документација до конечна изведба. Удово, Јосифово и Горна Маала мора да добијат стабилно и квалитетно водоснабдување, конечно во Калково, сувиот резервоар ќе се полни со чиста вода за пиење, реконструкција на водоводната мрежа во Валандово, реконструкција на водоводните мрежи во бојмиските населени места,  во Чалакли, Дедели, Собри и Грчиште ќе изградиме системи за одведување на отпадните води, ќе ги решаваме проблемите со атмосферските води во Пирава, Јосифово и останатите населени места. Ќе реконструираме и изградиме над 30 километри улици и патишта во секое населено место, и во Башибос и во Дедели и во Брајковци, Балинци, Марвинци, Грчиште, Горна Мала, и во Калково, Раброво, Чалакли, Казандол“, рече Камчев и додаде:

Ќе ги реконструираме училиштата во Марвинци, Брајковци и Удово. Ќе градиме и реконструираме повеќенаменски игралишта во Дедели, Башибос, Марвинци, Удово, Балинци, Раброво, ќе го реконструираме градскиот стадион во Валандово, преку реконструкција на трибинскиот дел, и изградба на нова соблекувална и атлетска патека. Ќе ја довршиме реконструкцијата на стадионот во Пирава и пристапот до истиот. Ќе изградиме спортски сали во Пирава и Брајковци и мултифункционална сала за спорт и културни манифестации во Чалакли“

На крај Камчев ги повика граѓаните да гласаат за бројот 9, за општината повторно да биде општина за пример.

— реклама —

Направете го вистинскиот избор за заедно да започнеме да го градиме Валандово. Ова е борба за нашето достоинство. За нашата заедничка иднина и за нашето место. За Валандово да биде општина за пример, а не општина на безнадежност, гласајте за бројот 9, истакна Камчев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Кампањата стартуваше: четири општини одат на повторни избори за градоначалник на 11 јануари

Македонија | пред 3 седмици

media-librarym30uck44ltef2wBmkQ0

Филипче до Мицкоски: Никој тебе не те мрази, сите те презираат

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjr944k3d9af56YpioBe

Мицкоски: Главна понуда на СДС на овие избори е црна кампања и трикови, го вклучија дури и главниот трачер во друштвото Пендаровски, но ќе доживеат огромен дебакл

Македонија | пред 3 месеци

media-librarybcjruaus5c65fw9iaqb

Шукова:Нашата борба денес е за чист воздух, еднакви можности и град без поделби тоа е современата борба за слобода

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања