Промени тема
Контакт

Камионџиите продолжуваат со блокади на граничните премини, денес се очекува решение од ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-library17cmrulfmv80flLPSNQ

Здруженијата на транспортни компании од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија, кои организираа заеднички протест, продолжуваат со блокирање на граничните терминали за товарен транспорт кон земјите на ЕУ, но денес очекуваат решение од Европската комисија за проблемот што им го создава ограничениот престој на возачите во земјите од Шенген-зоната на 90 дена во период од шест месеци.

— реклама —

Европската комисија во октомври 2025 година воведе електронска регистрација на влез и излез (Exit Entry System – EES), со која строго се контролира должината на престојот на професионалните возачи во 29 земји од ЕУ и Шенген-зоната. Ова им го преполови работното време и од 26 јануари предизвика блокада на сите гранични товарни премини помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

— реклама —

Од Европската комисија, чијашто земји трпат штета поради неможноста за доставување на стоки од Западен Балкан, вчера најавија дека денес ќе објават работна верзија на новата визна стратегија на ЕУ, која треба да предвиди системско решение за професионалните возачи од земјите надвор од Шенген во форма на специјални визи.

— реклама —

Транспортните компании претходно тврдеа дека нема да го прекинат протестот додека не се најде решение, затоа што повеќе возачи во изминатите денови беа казнети поради надминување на времето на престој во европските земји.

— реклама —

Поради недостиг на професионални возачи во цела Европа, транспортните компании не можат да најдат дополнителни возачи, ниту можат да им платат, а истовремено да ги задржат оние кои мораат да чекаат да започне новата, дозволена „квота“ за престој во земјите од Шенген.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryunl3b12jp8n2cQoBQoe

Денес во 14 часот протестен марш во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryg6kv0sdr15otdy2DlCS

Во недела протест во Скопје по пресудата за Тачи

Скопје | пред 1 седмица

detska-klinika

Шест месеци работа без плата и без продолжен договор, вработените од Детска клиника на протест

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryac0v5icv2era1h85iUp

Транспарент „Скопје е со Албанија“ на протест во Скопје, Муамеди реагира: Македонците ќе даваат поддршка, но со знамиња на Македонија

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања