Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Канадскиот премиер Карни: Русија ќе ја загуби војната, тоа е факт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarypp1l18m1j4dj2QuvLpF

Канадскиот премиер Марк Карни остро го осуди новиот масовен руски напад врз Украина, оценувајќи дека Москва со нападите само ја продолжува човечката трагедија, но не може да го промени исходот од војната.

— реклама —

„Русија продолжува да ја потценува храброста, решителноста и силата на украинскиот народ“, напиша Карни на социјалната мрежа Икс.

Тој порача дека Канада бара Русија веднаш да ги запре нападите и да ја прекине, како што ја нарече, незаконската агресија врз Украина.

— реклама —

„Ова само ја продолжува човечката патња, но не го менува фактот дека Русија ќе ја изгуби оваа војна“, истакна канадскиот премиер.

— реклама —

Карни додаде дека Канада ќе продолжи тесно да соработува со меѓународните партнери за воспоставување праведен и траен мир за Украина и Европа.

Изјавата доаѓа по новиот комбиниран руски напад врз Украина, во кој биле употребени балистички ракети и дронови. Главна цел на нападот бил Киев, каде според украинските власти загинало едно лице, а десетици биле повредени.

Само ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека разузнавачките информации укажуваат на подготовка на нов голем руски напад, кој би можел да вклучува и балистичка ракета со среден дострел „Орешник“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

Најмалку седум загинати во голем пожар во канадска воена база, десетици повредени

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-library77lonlb976v482h68Gz

(Видео) Најмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија и пожар во канадска воена база

Свет | пред 6 дена

media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Катастрофален пожар во воена база во Канада, има загинати и повредени

Свет | пред 6 дена

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Полицаец ранет во престрелка пред синагога во Канада

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања