Промени тема
Контакт

Најмалку седум загинати во голем пожар во канадска воена база, десетици повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-librarym6jdm66mog2la3xreoX
Unsplash / илустрација

Најмалку седум лица загинале, а десетици се повредени во голем пожар што избувнал во саботата во воената база „Вејнрајт“ во канадската покраина Алберта. Несреќата се случила за време на воена вежба со боева муниција, а властите сè уште го утврдуваат нејзиниот причинител.

— реклама —

Пожарот избувнал околу 16 часот по локално време и брзо се проширил поради силниот ветер, чии налети на одделни места достигнувале до 100 километри на час. Во еден момент огнот ја пробил и оградата на базата. Според медиумските извештаи, за време на вежбата можеби бил погоден гасовод или гасна бушотина, но ова засега не е официјално потврдено.

— реклама —

Канадските медиуми „Глобал њуз“ и Си-би-си објавија дека загинале најмалку седум лица, повикувајќи се на неименувани воени извори. Министерството за национална одбрана сè уште не го потврдило официјално бројот на загинати.

Болницата „Ројал Александра“ во Едмонтон прогласила протокол за итен прием на голем број повредени. Лекар од установата изјавил дека болниците во Вејнрајт се преоптоварени. Во спасувачката акција се вклучила и непрофитната организација „Старс“, која испратила летала и екипи од три свои бази.

— реклама —

Канадскиот премиер Марк Карни го оцени настанот како сериозен инцидент што предизвикал голем пожар. Министерството за одбрана соопшти дека истрагата е во тек и дека засега нема индиции оти станува збор за терористички чин.

Градоначалникот на блиското населено место, Брус Пју, изјавил дека пожарот сега е ставен под контрола, но пожарникарите и спасувачките екипи остануваат на терен за да спречат повторно разгорување. Тој трагедијата ја опишал како нешто невидено, истакнувајќи дека воениот персонал е високо обучен и професионален.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library77lonlb976v482h68Gz

(Видео) Најмалку седум загинати и десетици повредени во експлозија и пожар во канадска воена база

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-librarym6jdm66mog2la3xreoX

(Видео) Катастрофален пожар во воена база во Канада, има загинати и повредени

Свет | пред 13 часа

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Полицаец ранет во престрелка пред синагога во Канада

Свет | пред 3 седмици

kanada

Стапија на сила царините што Канада ги воведе за увоз на американска стока во вредност од околу 20 милијарди долари

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања