Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Кармен свита“ и „Болеро“ - современа интерпретација на балетската класика

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Охрид
media-libraryqofe4jbula1a6HIbB39

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На репертоарот на „Охридско лето“  синоќа се одиграа балетските претстави „Кармен свита“ и „Болеро“ од Жорж Бизе и Морис Равел, во изведба на маестралните  уметници од Опера и Театар „Мадленијанум“ од Србија, а во кореографија на Александар Илиќ.

„Кармен свита“ адаптирана според  Бизеовата опера „Кармен“ ја долови стравствената приказна за Кармен, симболот на слободата и судбината, а „Болеро“ во вториот дел од вечерта донесе  динамична кореографија полна со драмски тензии.  Енергијата што се чувствуваше во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ уште еднаш потврди дека јазикот на театарот и воопшто на уметноста немаат граници.

media-libraryn5a29np4hc4daIaNHRn

Идејата за настанување на овие две балетски претстави е на поранешниот уметнички директор на Операта и театарот „Мадленијанум“ Никола Мијаиловиќ со цел да се одбележат 150 години  од раѓањето на Морис Равел и 150 години од смртта на Жорж Бизе. Оваа година  почина и Родион Шчедрин, така што претставите ги слават токму овие тројца големи уметници.

— реклама —

Кореографот Илиќ, класичните музички дела ги поставува во современ контекст, спојувајќи ја виртуозната игра, силната драмска експресија и авторски препознатливиот кореографски израз.

media-librarysucd9id8vkh06i5X5mh

-Оваа претстава носи спектакуларна танцова верзија на двете дела, „Кармен“ и „Болеро“. Според мене, секако „Кармен“  е една од најубавите музички партитури, а исто така и „Болерото“ од Равел. Сакам да кажам дека се работи за две потполно различни продукции. „Кармен свита“ е правена во еден неокласичен стил кој носи класика   и сè што навистина е кореографски јазик за класичен балет. „Болерото“ е правен на еден потполно современ кореографски вокабулар, појаснува Илиќ.

— реклама —
media-librarya6ehs5k2j91maNItn8U

Современата игра, според него, бара дијалог со публиката, просторот и времето.

— реклама —

-Сметам дека современата игра е можеби  единствена гранка во уметноста која најбрзо се развива од сите останати уметнички гранки, нешто слично како технологијата.  Во денешно време кога зборувате за современа игра, таа отишла толку далеку што сè е возможно.  Кога ги споменувам овие три фрази мислам на тоа дека е важна партиципацијата на публиката  во сите претстави. Тоа вечерва  го почувствува и публиката на „Охридско лето“.  Дали претставата е наративна или не, не е  воопшто прашање, туку  работата е како можете да допрете до гледачите, да ја почувствувате не само играта на уметниците, туку и текстурата на претставите која секако е  во синергија со музиката, појаснува Илиќ.

media-library46tmpa8vk0g1cVQLdFT

Опера и театар „Мадленијанум“ за балетите „Кармен свита“ и „Болеро“ е добитник на бројни признанија од српските стручни здруженија и фестивали.

media-librarysrpsdacso4p5d9dYGUK

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryc9hrutm1p70gfgL74Xs

Шест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“

Охрид | пред 1 ден

media-library3s0fj9famf5ebgAJEDs

Пијаното под рацете на Сихенг Сонг постигна волуменозност на мал оркестар

Охрид | пред 1 ден

media-library36icpo72ce7ic5F2nZn

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ -Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот 

Охрид | пред 2 дена

media-libraryk9h2efb7fski4j6dL3T

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Охрид | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања