Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Катар ги демантираше тврдењата за понуда од 12 милијарди долари на Иран за постигнување мировен договор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryuch1huklk6sueKcjSOI
unsplash

Катар остро ги демантираше медиумските извештаи според кои на Техеран му понудил 12 милијарди долари од замрзнат ирански имот во замена за склучување мировен договор.

Катарското Министерство за надворешни работи ги оцени овие тврдења како целосно неосновани.

— реклама —

Портпаролот на Министерството соопшти дека станува збор за дел од кампања насочена кон поткопување на дипломатските напори.

— реклама —

„Извештаите во кои се тврди дека државата Катар му ‘понудила’ 12 милијарди долари на Иран за да обезбеди постигнување договор се целосно неосновани. Таквите информации ги шират актери кои сакаат да го осуетат договорот и да ги поткопаат дипломатските напори насочени кон деескалација на тензиите и промовирање стабилност во регионот“, се наведува во официјалното соопштение.

Катар релативно неодамна се вклучи во посредувањето меѓу Вашингтон и Техеран. Пред тоа, улогата на посредник во текот на конфликтот безуспешно се обидуваше да ја има Пакистан.

— реклама —

Познато е дека иранската страна како еден од клучните услови за каков било договор го поставува ослободувањето на милијарди фунти од својот имот што е замрзнат во странство.

— реклама —

Во контекст на преговорите, вчера во Катар пристигнаа високи ирански функционери, меѓу кои министерот за надворешни работи Абас Арагчи и претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф.

Според неофицијални информации, во делегацијата бил и гувернерот на иранската централна банка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryov0djnslj3i7edB3QDo

Иран бара одговорност од САД и Израел: Меѓународното право не смее да биде подредено на силата

Свет | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryhb80gm6shsn85tfBtQv

Јемен обвинува: Иран ги користи Хутите за притисок врз земјите во регионот и светот

Свет | пред 1 ден

media-library0n7gg5pde9lhaJMTimR

Иран се закани: Ќе ги нападнеме американските бази во Европа доколку се користат за напади врз нас

Свет | пред 2 дена

media-libraryt25enu2bj3ps7waGNA7

(Видео) Иран тврди дека два танкера се запалиле по удар во поморски мини во Ормускиот Теснец

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања