Промени тема
Контакт

Катастрофа на Филипините: Најмалку 13 загинати поради тропската бура Јаги

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Screenshot-2024-09-03-at-08.54.50

Најмалку 13 лица загинаа на Филипините кога тропската бура Јаги го погоди во понеделникот источниот град Касигуран во провинцијата Аурора, изјави претставникот за катастрофи Елсон Егарг.

Училиштата и владините канцеларии ќе бидат затворени денеска во Манила и околните провинции поради очекуваното лошо време. Центарот на бурата беше во крајбрежните води во близина на северниот град Лаоаг во провинцијата Илокос, објави државната метеоролошка агенција Паг-аса.

Бурата имаше ветрови со брзина од 75 километри на час и се очекуваше да се движи северозападно над Јужното Кинеско Море. Најмалку седум лица загинаа во Антиполо, источно од Манила, од лизгање на земјиштето и давење, соопштија властите. Четворица се пријавени за исчезнати по лизгање на земјиштето и поројните поплави.

— реклама —

„Потрагата и спасувањето е во тек“, изјави по телефон Енрилито Бернардо, службеник за катастрофи во Антиполо.

— реклама —

Смртните случаи беа регистрирани и во централните провинции на земјата. Две лица загинаа во Северен Самар поради лизгање на земјиштето, а едно лице се удави во Негрос Ориентал, соопштија официјални лица. Според Елкамел, три лица се убиени во источниот град Нага.

Два други смртни случаи пријавени во централниот град Себу сè уште не се официјално потврдени како предизвикани од невремето, според официјален претставник за катастрофи кој одби да биде именуван.

— реклама —

На Филипините обично има околу 20 тропски бури и тајфуни годишно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc786rdle4qqe1q56X3L

(Видео) Пукање во училиште на Филипините: Три ученици загинаа, осуммина се повредени

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryatm6crl439bqfhHiFHJ

(Видео) Најмалку 76 загинати во пожар на траект на Филипините, 13 лица се водат како исчезнати

Свет | пред 2 седмици

media-libraryjkuktcjqf41rfs6Ac83

(Видео) Трогателна средба: Златен ретривер повторно со семејството откако три дена бил затрупан под свлечиште на Филипините

Вирално | пред 1 месец

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Ученик со пушка и пиштол отворил оган во училиште на Филипините: убил едно лице, па се самоубил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања