Промени тема
Контакт

(Видео) Пукање во училиште на Филипините: Три ученици загинаа, осуммина се повредени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Свет
media-libraryc786rdle4qqe1q56X3L

Три ученици загинаа, а осуммина се повредени во пукање во средно училиште во местото Банга, на југот на Филипините. Меѓу загинатите е и 16-годишниот ученик, кој е осомничен за нападот.

Градоначалникот на Банга, Алберт Палеснија, изјави дека сите жртви биле ученици на возраст од 14 до 17 години, а четворица од повредените се во критична состојба.

— реклама —

Инцидентот се случил во Националното средно училиште во Банга, во провинцијата Јужен Котабато. Локалните власти соопштија дека полицијата ги проверува околностите и деталите за нападот.

— реклама —

Ова е втор сериозен вооружен инцидент во училиште на југот на Филипините во последниот месец. На 18 август, во училишен кампус во градот Замбоанга, загинаа најмалку две лица, а девет беа повредени. Тогаш, според градоначалникот, осомничениот ученик влегол во училиштето со пушка и пиштол и отворил оган врз ученици и наставници, по што извршил самоубиство.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryatm6crl439bqfhHiFHJ

(Видео) Најмалку 76 загинати во пожар на траект на Филипините, 13 лица се водат како исчезнати

Свет | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryjkuktcjqf41rfs6Ac83

(Видео) Трогателна средба: Златен ретривер повторно со семејството откако три дена бил затрупан под свлечиште на Филипините

Вирално | пред 4 седмици

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Ученик со пушка и пиштол отворил оган во училиште на Филипините: убил едно лице, па се самоубил

Свет | пред 1 месец

media-librarynht31uq0v4rkeo80MkF

Поплави и свлечишта ги погодија Филипините: 23 лица загинаа, илјадници се евакуирани

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања