Најмалку две лица загинаа, а девет се повредени во пукање во училиштен кампус во градот Замбоанга, на југот на Филипините.
Пукањето се случило околу 8:30 часот по локално време во кампусот на средното училиште при Универзитетот „Атенео де Замбоанга“, објави кинеската агенција „Синхуа“.
Според градоначалникот на Замбоанга, Кимеро Адан Олас, осомничениот бил ученик од седмо одделение. Тој влегол во училиштето со пушка и пиштол, по што отворил оган врз ученици и наставници.
Во нападот едно лице било убиено, додека осомничениот потоа извршил самоубиство и е втората жртва.
Девет повредени лица биле пренесени во болница за медицинска помош. Полицијата го истражува случајот и работи на утврдување на мотивот за нападот.