Промени тема
Контакт

На Филипините се планира изградба на 207 метри висока статуа на Исус Христос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
media-librarydv8ervc7o4176fNm3rb
Фото: ФБ / slipform.ltd

Статуа на Исус Христос, висока 207 метри, би можела да биде изградена на северот на Филипините, со што би станала највисокиот споменик од ваков вид во светот. Проектот го претстави полската градежна компанија „Слипформ“, која објави визуелизации на планираниот споменик во покраината Илокос Сур.

Според полскиот портал „Интериа бизнис“, за проектот се разговарало и за време на минатонеделната посета на полскиот претседател Карол Навроцки на Манила.

— реклама —

Изведувачот на градежните работи сè уште не е избран, но компанијата се надева дека предност ќе ѝ донесе градежната технологија што ја развила во 2023 година. Таа овозможува непрекинато градење, без потреба работниците постојано да ги расклопуваат и повторно да ги составуваат калапите за обликување на бетонот.

Извршниот директор на „Слипформ“, Даниел Кисала, изјавил дека носечкото јадро од армиран бетон, високо повеќе од 200 метри, би можело да биде завршено за околу 40 дена.

— реклама —

„Тоа го покажува потенцијалот на технологијата што ја развивме во Шчеќин“, изјавил Кисала.

Компанијата веќе го завршила идејното решение за конструкцијата и го доставила предлогот до филипински инвеститор, чие име не е објавено. Проектот сега чека процена и одобрение.

Според досегашните планови, за изградбата на зајакнатото носечко јадро би можеле да бидат потребни до 27.000 кубни метри бетон.

— реклама —

Доколку биде реализиран, споменикот на Филипините ќе ги надмине сите досегашни статуи на Исус Христос. Меѓу нив се и статуата Христос Заштитник во бразилскиот град Енкантадо, која со постаментот достигнува висина од 43,5 метри, како и полската статуа Христос Цар во Швјебоџин, висока 52,5 метри, заедно со насипот врз кој е поставена, објави „ТВП ворлд“.

Сепак, проектот сè уште не е одобрен, а почетокот на изградбата ќе зависи од понатамошната процена и одлуката на инвеститорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc786rdle4qqe1q56X3L

(Видео) Пукање во училиште на Филипините: Три ученици загинаа, осуммина се повредени

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryatm6crl439bqfhHiFHJ

(Видео) Најмалку 76 загинати во пожар на траект на Филипините, 13 лица се водат како исчезнати

Свет | пред 1 месец

media-libraryjkuktcjqf41rfs6Ac83

(Видео) Трогателна средба: Златен ретривер повторно со семејството откако три дена бил затрупан под свлечиште на Филипините

Вирално | пред 1 месец

media-libraryc2181cn5tifo2MkVzla

Ученик со пушка и пиштол отворил оган во училиште на Филипините: убил едно лице, па се самоубил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања