Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Казни од 1.000 евра за пар во Сплит: Соседите ги пријавиле за бучава и топлес на балкон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
media-library0kn2nrjj1gu2cICDW17
unsplash - István Szitás

Дигитален номад и неговата сопруга се казнети во Сплит поради нарушување на јавниот ред и мир, по пријави дека правеле бучава, а жената наводно се шетала во топлес на балконот од куќата каде што престојувале.

— реклама —

Според хрватските медиуми, станува збор за 58-годишен маж и неговата 44-годишна сопруга, кои биле пријавени и поради тоа што без знаење и дозвола од сопственичката поставиле базен на балконот од вилата.

— реклама —

Судот му изрекол казна од 300 евра на мажот, плус 100 евра судски трошоци, додека неговата сопруга била казнета со 700 евра поради бучавата и наводното капење и движење во топлес на балконот.

Сопружниците ги негираат обвинувањата и тврдат дека биле жртви на конфликт со сопственичката на сместувањето. Според нив, им биле исклучени струјата и водата, а по враќањето од плажа ги затекнале сменети брави, оштетен базен и исфрлени лични работи, по што биле принудени да преноќат во автомобил.

— реклама —

Од друга страна, сопственичката и нејзината ќерка тврдат дека парот не плаќал кирија и сметки, поставил базен на балконот и правел голема бучава до доцна во ноќта. Тие велат дека соседите повеќепати се жалеле дека жената се движела во топлес на балконот.

— реклама —

И неколку соседи сведочеле пред судот дека жената редовно ја гледале без горниот дел од костимот за капење и дека семејството со денови го нарушувало мирот во населбата. Туристката ги отфрлила тие тврдења, истакнувајќи дека се капела во бикини, а не во топлес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybavldv8amgjt0iePvPg

Го притискале на градниот кош и вратот, му ставиле перница на глава и го удирале со тупаници: Четворица медицински техничари осомничени за смртта на 32-годишен поранешен атлетичар во Загреб

Балкан | пред 9 часа

— реклама —
Hrvatska-policija

Експлозија во центарот на Загреб, во близина на музеј пронајдено тело

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови детали за трагедијата во Хрватска: Возачот тврди дека му се слошило зад воланот, одреден му е притвор

Балкан | пред 1 ден

media-library8k9qjmcsf0pn7RS263T

Нови информации за автобуската несреќа во Хрватска: Петмина од повредените се отпуштаат на домашно лекување

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања