Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Киев тврди дека со напади е оневозможено повеќе од 51 отсто од руските нафтопреработувачки капацитети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-libraryfvlsobqfonkg57HgRXO

Украинското Министерство за одбрана соопшти дека неодамнешните операции со оружје со долг дострел предизвикале штета на повеќе од 51 отсто од руските капацитети за преработка на нафта.

— реклама —

Министерот за одбрана Јевхен Хмара изјавил дека проценката се темели на податоци од разузнавачките служби и аналитичарите на Генералштабот. Според него, повеќе од половина од капацитетите на Русија се надвор од функција како резултат на, како што наведе, систематски и планирани напади.

Хмара меѓу неодамна погодените објекти ги наведе рафинериите во Москва, Јарослављ, Кинеф, Уст-Луга, Перм, Илски, Саратов, Сизран и други места.

— реклама —

Украинскиот министер оцени дека загубата на повеќе од половина од капацитетите за преработка на нафта претставува сериозен удар врз руската економија и снабдувањето на воените единици. Тој додаде дека украинските напади со долг дострел продолжуваат да погодуваат цели на територијата на Русија.

— реклама —

Хмара истакна дека беспилотните летала со долг дострел се меѓу приоритетите на украинското Министерство за одбрана, бидејќи овозможуваат напади врз цели длабоко на руска територија.

Според соопштението, Украина годинава трикратно ги зголемила производството и набавката на вакви беспилотни летала, а Министерството за одбрана најавува дополнително зголемување на капацитетите за операции со долг дострел.

Тврдењата за обемот на штетата се на украинското Министерство за одбрана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Што ќе се случи ако Трамп ја прекине воената поддршка за Украина?

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library0k59l1bbd0kf0Z0SkRg

(Видео) Украински дронови нападнаа хемиска фабрика во Русија, избувна голем пожар

Свет | пред 20 часа

media-librarypdksohn53civ5tzA7Fy

(Видео) Четири лица загинаа, а 78 се повредени во руските напади врз Украина

Свет | пред 22 часа

sateliiistarlinklui740e

Украина повторно доби стабилен „Старлинк“ по неколкудневни ограничувања – Трамп тврди дека Маск го активирал

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања