Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ким Џонг Ун се пофали со „најмоќниот систем“ пред Кина и Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
media-libraryj4ddpaiabteeeOu9wuS

Северна Кореја со голема воена парада во Пјонгјанг ја одбележа 80-годишнината од основањето на Работничката партија, при што лидерот Ким Џонг Ун се пофали со ново, „најмоќно оружје досега“.

— реклама —

Десетици илјади војници маршираа низ главниот град, демонстрирајќи го огромниот арсенал на оружје со кој располагаат севернокорејските вооружени сили. Парадата се одржа на 10 октомври 2025 година, а до Ким на трибината стоеја кинескиот премиер Ли Ќианг и поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

— реклама —

Пријателите се заедно, непријателите стануваат нервозни“, напиша Медведев на новата руска платформа „Макс“, пренесува Дојче веле.

Настанот уште еднаш ја потврди зајакнатата позиција и влијание на севернокорејскиот лидер. Никогаш досега, откако пред речиси 14 години го наследи својот татко Ким Џонг Ил, 41-годишниот Ким не уживал толкава контрола и значење на меѓународната сцена.

— реклама —

Во септември, тој за првпат се појави рамо до рамо со кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на воена парада во Пекинг.

— реклама —

Ким рамо до рамо со најмоќните автократи во светот – вакво инсценирање на стратешки сојуз досега не е видено, оценува германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library6ek646fer9e71TmPRIt

Северна Кореја првпат по 78 години го менува изгледот на државното знаме

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Германија и Јужна Кореја го продлабочуваат стратешкото партнерство, фокусот на одбраната и вештачката интелигенција

Свет | пред 2 седмици

media-library16nfgshmp6mo4dLSQX5

Нова тревога на Корејскиот Полуостров: Пјонгјанг истрела балистичка ракета

Свет | пред 1 месец

2212721_w-55023928-kim-dzongun_ls

Буданов: Северна Кореја ги користи искуствата од војната во Украина за развој на ново оружје

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања