Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Китот „руски шпион“ Хвалдимир, пронајден мртов во Норвешка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
kit

Кит белуга, кој беше забележан во норвешките води пред пет години и за кој постои сомневање дека е руски шпион, е пронајден мртов, објави непрофитната организација која го следеше китот.

Телото на Хвалдимир, чие име е комбинација од норвешкиот збор за кит и името на рускиот претседател Владимир Путин, го забележале татко и син кои ловеле риба во јужна Норвешка за време на викендот, објави норвешката јавна телевизија НРК.

„Хвалдимир не беше само кит белуга, тој беше светилник на надежта, симбол на поврзување и потсетник на длабоката поврзаност меѓу луѓето и природниот свет“, објави невладината организација Marine Mind на социјалните мрежи.

— реклама —

Кога за прв пат беше забележан во 2019 година во близина на островот Ингоја во северна Норвешка, на околу 300 километри од морската граница со Русија, китот носел појас со држач за мала камера. „Опрема Санкт Петербург“ била испечатена на појасот на англиски јазик.

— реклама —

Китот бил многу заинтересиран за луѓето и реагирал на гестови, што ја навело норвешката разузнавачка агенција да претпостави дека бил во заробеништво во Русија како дел од истражувачка програма пред да премине во норвешките води.

Москва никогаш не одговори на обвинувањата за Хвалдимир.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Русија ја одобри првата mRNA вакцина против рак за лекување на меланом

Свет | пред 5 часа

media-library06n17o41rd039MbAVnX

Рускиот нафтен гигант заработи 1 милијарда долари во првата половина од 2026 година

Свет | пред 7 часа

media-librarysufv6kt3lo2l2eqxACU

(Видео) Украина изведе масовен напад со дронови врз Москва, Русија тврди дека пресретнала стотици летала

Свет | пред 10 часа

media-library5gia29gdqtlv7gVLwEZ

(Видео) Русија изврши нови напади врз Украина: Загина едно лице, најмалку 12 се повредени

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања