Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Ќе има блокирани улици: посебен сообраќаен режим во недела

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-39-6440PM

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 19.05.2024 (недела) од 08.30 до 12.30 часот, поради одржување на натпревар „Стопански Триоги Триатлон“, со стартно-целна позиција кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по трасата по која ќе се движат натпреварувачите.

— реклама —

Посебниот режим на сообраќај ќе опфати дел од уличната мрежа околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од бул.„Илинден“ (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со бул.„8 Септември“ до крстосницата со ул.„Никола Парапунов“, и обратно.

— реклама —

Исто така, на 19.05.2024 (недела) со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по трасата по која ќе се движат натпреварувачите на велосипедската трка, и тоа: со почеток пред Музеј на град Скопје – ул.„Св.Кирил и Методиј“, потоа лево по бул.„Св.Климент Охридски“, во продолжение право по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст“).

— реклама —

Трасата на движење на планинарите е: со почеток во 10.00 часот од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по планинската патека кон Средно Водно, а од Средно Водно кон Врв на Водно („Милениумски крст“).

— реклама —

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3ohgb06ldvnd1fR9o64

(Фото) Тешка сообраќајка во Ченто: БМВ целосно уништено по судир со „голф“ кој заврши во автобуска постојка

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-librarygp8a2sllms369ul6Fji

„Пулс“, СЈО и Жан Митрев се клучните тестови за Савески, следуваат тешки одлуки за обвинителот Савески, вели професорот Дескоски

Коментари | пред 1 месец

media-library0vobi9l4vm2abKJJoNO

(Видео) Преживеана жена сведочи како била давена во Челопек: Ме гушеше за да не викам, но не се давав

Настани | пред 2 месеци

media-libraryc4njdlp79atp2skWkOm

„Две овци нацртани да му дајш да чуват, едната одма ќе му избегат“, остра критика за Советот на обвинители кој за сите даде позитивно мислење

Коментари | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања