Промени тема
Контакт

Ќе има ДДВ за пратките од „Тему“ и „АлиЕкспрес“, ама граѓаните нема да плаќаат повеќе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryk3tn1ufr394i4gXtonf

Ќе се воведе ДДВ на сите онлајн-пратки, но без дополнителен трошок за граѓаните. Ова е клучната порака по денешното изгласување на измените и дополнувањата на Законот за ДДВ во Собранието, со кои се укинува досегашното ослободување за пратки со вредност до 22 евра.

— реклама —

Од Министерството за финансии објаснуваат дека граѓаните нема да плаќаат поскапо, бидејќи – како што нагласуваат – трошокот за пресметка и наплата на ДДВ не паѓа врз крајните потрошувачи. Тоа значи дека цените на пратките за купувачите треба да останат исти.

— реклама —

Целта на измените, велат од Министерството, е зајакнување на домашната економија и пренасочување дел од прометот од странските платформи кон локалните компании.

— реклама —

„Со укинувањето на ослободувањето, околу 4 милиони денари месечно – колку што во одредени периоди завршуваат кај странските онлајн-платформи – ќе се вратат во домашното стопанство,“ соопштуваат од институцијата.

Од Министерството дополнително наведуваат дека мерката треба да донесе поголема конкурентност за локалните бизниси и отворање нови работни места.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Владата го продолжи намалениот ДДВ за дизелот до 20 октомври

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
gugl

Google од 1 септември ќе пресметува македонски ДДВ – што се менува за компаниите и корисниците?

Македонија | пред 1 месец

236816881_327299032472860_31726440552678132_n

Да се намали ДДВ-то за горивата од 18 на 5% - нов предлог стигна во Собрание

Македонија | пред 6 месеци

DJI_20250913161621_0169_D

ДДВ за купување новоизграден стан останува 5%

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања