Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Ќе има шут-карта од раководството: СДСМ подготвува кадровски промени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
filipce

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата покажала видливи резултати од процесот на внатрешна консолидација, особено во општините каде што освоила градоначалнички мандати и во оние каде што влегла во вториот изборен круг.

„Јас лани ја затекнав партијата во тешка и лоша состојба. Во изминатата година и пол работев со илјадници членови преку директни средби и контакти. Овие избори се показател за ефектите од таа работа – таму каде што имаме градоначалници и каде што одиме во втор круг, бројот на гласови е зголемен за 50 проценти во споредба со минатите избори“, изјави Филипче.

— реклама —

Тој посочи дека консолидацијата е видлива, но дека постои потреба од дополнителна работа во дел од скопските општини, каде резултатите не биле на посакуваното ниво.

„По еден таков тежок пораз лани, сега овие избори се показател како треба да се поставиме и да функционираме во следниот период. Таму каде што немавме резултати, ќе продолжиме со интензивна работа“, рече тој.

— реклама —

Филипче најави и квалитативни кадровски промени во раководството на СДСМ, кои, како што најави, ќе бидат објавени по завршувањето на изборниот процес.

„Ќе има политички и кадровски промени во раководството, за што јавноста ќе биде навремено известена“, истакна Филипче, додавајќи дека во многу општини партијата работела во тешки услови и под притисоци.

„Имаше сериозни притисоци во сите општини каде се одвиваа избори – непосредно пред гласањето, каде што имавме градоначалници имаше финансиски контроли и нудење пари за гласови. Работевме во исклучително тешки околности“, нагласи тој.

Лидерот на СДСМ додаде дека, иако е на чело на партијата само година и пол, резултатите покажуваат напредок и нова енергија во базата.

„Не може преку ноќ да има промени, но во некои општини видовме дека тоа е можно. Тоа ми даде ентузијазам да продолжам да работам и понатаму“, рече Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 3 месеци

— реклама —
media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања