Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Ќе одлежи само една година затвор: одредена казна за насилникот кој ја претепал бремената партнерка и ја држел заклучена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library3b651hlbrs9u6sf7rRv

Основниот суд во Свети Николе донесе неправосилна пресуда со која 21-годишен жител на светиниколското село Сарамзалино е осуден на една година затвор за семејно насилство, откако брутално ја претепал својата 34-годишна бремена партнерка и ја држел заклучена во соба околу 15 часа.

Судот го прогласи обвинетиот за виновен за две кривични дела – „Телесна повреда“ и „Противправно лишување од слобода“, а мерката притвор му е продолжена до правосилноста на пресудата, но не подолго од 60 дена.

— реклама —

Според обвинението на Основното јавно обвинителство Свети Николе, настанот се случил на 19 и 20 февруари во семејниот дом, каде обвинетиот најпрво ја навредувал, а потоа физички ја нападнал својата партнерка.

— реклама —

Тој ѝ го одзел мобилниот телефон и клучевите од автомобилот, ја заклучил во соба и ѝ ја ограничил слободата на движење. Во текот на нападот ѝ нанел повеќе телесни повреди, удирајќи ја со тупаници и боксови по главата и телото.

— реклама —

Според Обвинителството, кога жената се онесвестила, тој ја однел во бањата и ја освестил со ладна вода, по што продолжил со физичкото малтретирање. Кога се обидела да избега, повторно ја заклучил и ја држел против нејзината волја околу 15 часа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryff65cj8cn0o43RJO8pO

Бран семејно насилство низ државата: Закани со оружје, тепање сопруги и напад врз мајка

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library8p1l5u9oighe78qAFuD

Тетовец приведен откако пијан агресивно се однесувал кон родителите

Македонија | пред 3 дена

DSC_0052

Семејното насилство не запира: сопрузи, партнери и родители пријавени во нови случаи

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryr01ltt36022rbEdwnh0

Тошковски: Полицијата ќе има пошироки овластувања и нови технолошки алатки во борбата против семејното насилство

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања