Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ќе се менуваат осум закони за да се спречат нови трагедии од семејно насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 часа -

Македонија
media-libraryjhcv5dd4366n52mpqlK

Денеска се одржа првиот состанок на Работната група за следење и унапредување на националната легислатива за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, со цел итни законски измени и подобрување на системската заштита. Групата, формирана по заклучок на Националното координативно тело за Истанбулската конвенција, ќе подготвува измени во повеќе закони (полициски овластувања, социјална заштита, кривична/парнична постапка, бесплатна правна помош и др.). До следната средба институциите треба да достават конкретни предлози за закони и подзаконски акти за поефикасна примена и посилни механизми за заштита на жртвите.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Со цел зајакнување на системската заштита на жените жртви на насилство и подобрување на законската рамка, денеска се одржа првиот состанок на Работната група за следење, анализирање и давање препораки за подобрување на националната легислатива за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и за подготовка на предлог итни измени на законодавството.

На работната средба присуствуваа заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Состанокот се одржа во Министерството за социјална политика, демографија и млади, согласно заклучокот донесен на Итната седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.

Работната група ќе работи на измени и дополнувања на повеќе закони, меѓу кои:
-Законот за полициски овластувања;

— реклама —

-Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство;

-Законот за социјална заштита;

— реклама —

-Законот за правда на децата;

-Законот за бесплатна правна помош;

-Законот за кривична постапка;

-Законот за парнична постапка и

-Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство.

Членовите на работната група се номинирани претставници од релевантни институции и граѓански организации, меѓу кои: Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, Министерството за правда, невладиниот сектор, надлежните судови, Јавното обвинителство, претставници од академската заедница и од Собранието. Во работата на групата се вклучени и надворешни соработници од меѓународниот сектор.

На состанокот беше заклучено секоја институција до следната средба да достави конкретни предлози за законски измени, како и измени на подзаконски акти, правилници и протоколи, согласно утврдените потреби. Целта е да се обезбеди поефикасна практична примена на законските решенија и дополнително да се зајакнат механизмите за спречување на насилството и заштита на жртвите од родово базирано и семејно насилство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-6740PM

СДСМ со најава за нови закони, во фокусот и поевтинување на патарините

Македонија | пред 1 месец

toskovski

Ако преминувате улица и зборувате на телефон, чекајте казна - ова се новините во законот кој се менува

Македонија | пред 6 месеци

merko-danela

Ќе ги спакуваат ли Данела и Мерко куферите за брзо: се бара итно менување на закон за да градоначалниците можат да се разрешат

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања