Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Ќе се проверува лекувањето на пациентот кој со пукната аорта чекаше операција и почина, а по налог на Таравари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2025-04-11-at-19.13.12

Министерот за здравство, Арбен Таравари, им наложил на Државниот санитарен и здравствен инспекторат да извршат увид во документацијата на 59-годишниот Тони Ангеловски, кој со пукната аорта почина чекајќи операција. Од министерството не споделуваат никакви други детали, а откако семејството најави одговорност, додека роднина на сега починатиот раскажа што се случувало изминатите денови додека Ангеловски се борел за живот.

„По налог на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, ДСЗИ ќе изврши увид во медицинската документација во врска со овој случај по што јавноста ќе биде информирана“, велат од Министерството за здравство за „Скопје1“.

— реклама —

Став најави и директорот на Клиниката за кардиохирургија. До овој момент, не го доставија.

За случајот се дозна откако Ацо Николовски, роднина на пациентот завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за кардиохирургија. Според Николовски, од Кардиохирургија ги пратиле да видат за операција во приватната клиника „Жан Митрев“ на државен трошок.

— реклама —

— реклама —
w_56674000

Чекајќи операција, почина пациент со пукната аорта на Кардиохирургија; Роднина: Наводно немале сала

Со пукната аорта отишол да го излекуваат, но не дочека ни операција на Клиниката за кардиохирургија и почина. Ова е судбината на 59-годишниот Тони Ангеловски. Неговиот роднина, Ацо Николовски завчера алармираше дека Ангеловски не е опериран оти им кажале дека нема слободни сали, а за „Скопје1“ вели дека пациентот е починат, а денеска бил погребот. Николовски за „Скопје1“ вели „го оставија како згазено куче покрај улица“. Од Министерството за здравство молчат за случајот, а исто и од Клиниката за

Македонија | пред 1 година

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања