Промени тема
Контакт

„Ќе умре и онака“: Изјава што ја одбележа расправата за терапиите на Онкологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryvguvavm0h61idIMe95y
Скопје1.мк

На судењето за случајот со Клиниката за онкологија, се отвори клучна контроверзија околу ставот дека кај тешко болни пациенти „нема потреба од терапија, бидејќи и онака ќе умрат“, што, според одбраната, произлегува од толкувањата на вештачењето.

— реклама —

Вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, која изработила медицинско вештачење според истории на десетици пациенти, посочи дека кај дел од случаите биле давани терапии без јасна индикација, во несоодветни дози и интервали, со што болеста напредувала побрзо, а во поединечни случаи, според неа, хемотерапијата можела и да ја забрза смртта.

— реклама —

Одбраната на поранешниот директор на Онкологија, Нино Васев, остро реагираше, оценувајќи дека ваквиот пристап е „ригиден и теоретски“ и опасен во пракса. Адвокатот Боби Спирковски истакна дека ваквото толкување практично води до ставот дека кога лекарот ќе процени дека пациентот е „готов“, не треба да му се дава терапија, што, според него, е форма на прикриена еутаназија.

— реклама —

„Кој може да каже колку време ќе живее пациентот за да одлучи дека веќе не треба да се лекува? Во нашата пракса, дури и кога состојбата е тешка, се дава терапија со надеж дека ќе се продолжи животот“, порача Спирковски, нагласувајќи дека лекарите често се принудени да работат со ограничени ресурси и без целосна достапност на лекови.

Случајот продолжува во доказна постапка, а судот ќе треба да одмери дали станува збор за несовесно лекување или за медицински одлуки донесени во услови на тежок и ограничен здравствен систем.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Минатата година имало околу 1.000 нови случаи на рак на дојка, на Онкологија се лекуваат 7.000 пациенти

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
nino-vasev

Продолжи судењето за „Онкологија“: Судот го одби барањето на Васев за изземање на техничкиот советник на Обвинителството

Македонија | пред 3 седмици

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-46-2790PM

Пациенти алармираат дека недостигаат онколошки терапии, директорот: Испораките доцнат од дистрибутерите

Македонија | пред 1 месец

2_99

„Доцнењето на дел од лековите е надминато, терапијата не беше прекината“, велат од Клиниката за онкологија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања