Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ќерка ја пронашла мајка ѝ почината во Ѓорче Петров: втор случај за пет дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-library8lo66qulm8b682310XL
Скопје1.мк

Седумдесет и шестгодишна жена е пронајдена почината со видливи траги од насилство во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Скопје. Случајот за „Скопје1“ го потврдија од Министерството за внатрешни работи, а полицијата ги утврдува околностите под кои настапила смртта.

Според информациите од МВР, денеска (27 октомври), во 09:18 часот, во СВР Скопје, М. А. пријавила дека ја пронашла својата мајка О. А. (76) без знаци на живот.

— реклама —

„Денеска (27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М. А. пријавила дека во куќа на ул. „Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла својата мајка О. А. (76), без знаци на живот. Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство“, информираат од МВР за „Скопје1“.

— реклама —

За случајот е известен јавен обвинител, по чии насоки телото е предадено на обдукција. СВР Скопје презема мерки за утврдување на причините за смртта и за расчистување на случајот.

Ова е втор пријавен случај во Скопје во рок од пет дена во кој починато лице е пронајдено во дом со траги од насилство.

— реклама —

На 22 октомври, во 18:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека 62-годишниот С. Ј. е пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров. И во тој случај лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство, а телото било предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Засега нема информации дека двата случаи се поврзани.

media-libraryuogkcvbmgo5mcNTiJCk

(Видео) Маж пронајден мртов со траги на насилство во дом во Ѓорче Петров

Шеесет и двегодишен маж е пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје, а на неговото тело биле забележани траги на насилство, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“.Случајот бил пријавен вчера, на 22 октомври, во 18:40 часот во СВР Скопје. Починатиот е идентификуван со иницијалите С.Ј. (62).„На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат С.

Скопје | пред 4 дена

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryih13c1opq9qb7UhBKlJ

18-годишник возел мопед без дозвола и направил сообраќајка

Македонија | пред 16 минути

— реклама —
media-librarytu6uoo4foi7a21ovh50

Син го нападнал татко му, па го бркал со автомобил

Македонија | пред 57 минути

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Подигнале кредит за стан, а потоа тој ѝ ги зел парите и прекинал контакт – скопјанец осомничен за измама од 1,5 милиони денари

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања