Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Клековски ќе го „лекува“ здравството, Велковски ќе раководи со социјала, Перински оди во ФЗОМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarybh8os6hnkvcnaf3EEo8

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва на прес-конференција по седницата на Централниот комитет ги соопшти кадровските промени во Владата.

Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за министер за социјална политика, демографија и млади е предложен досегашниот заменик-министер во истото Министерство, Ѓоко Велковски, а Сашо Клековски ќе раководи со Министерството за здравство.

На негово место доаѓа досегашниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, а ресорот локална самоуправа ќе го преземе Иван Стоилковиќ.

— реклама —

За министер без ресор е предложен Ерџан Демир.

— реклама —

Коалицискиот партнер „Вреди“ ќе раководи со Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, како и со Министерството за односи меѓу заедниците.

Партијата ЗНАМ ги презема Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

— реклама —

Премиерот Мицкоски истакна дека промените имаат за цел да го зајакнат капацитетот на Владата и да обезбедат поефикасна реализација на владината програма во наредниот период. Очекувањата се дека новите кадровски решенија ќе бидат доставени до Собранието, каде што ќе треба да добијат поддршка од пратениците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryn27ebuij2bgg4ImidMg

ВРЕДИ со нов министерски тим: Шасивари во Правда, Сулејмани во Култура, Ферати во Односи меѓу заедниците

Македонија | пред 2 седмици

Vlada

Сите министри, од сите партии кои ќе бидат дел од новата Влада

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања